fbpx
x
Мени

Прашања и одговори

Линијата за поддршка на Цивика мобилитас им е на располагање на потенцијалните апликанти за прибирање и одговарање прашања поврзани со овој повик за предлози.

Прашањата може да бидат поднесени на helpdesk@civicamobilitas.mk, и треба да се насловени со референтниот број за овој повик (ЦМ-АКТ-01).

Прашањата исто така може да бидат поставени и по телефон (+389 2 3065 381). Сепак, на персоналот на линијата за поддршка му е наложено да побара од вас да ги доставите сите ваши прашања во писмена форма и да ги испратите на наведената електронска адреса.

Прашања може да бидат поставени и преку контакт-формата на веб-страницата на Цивика мобилитас.

Прашањата може да бидат поднесени до линијата за поддршка, не подоцна од 10 календарски денови пред крајниот рок за овој повик. Цивика мобилитас нема обврска да обезбеди одговор на прашањата кои ќе бидат поднесени по овој рок.

Цивика мобилитас нема обврска да одговара на прашањата што не се поднесени преку линијата за поддршка, туку се поднесени директно/лично до персоналот на Цивика мобилитас. На персоналот на Цивика мобилитас му е наложено да не одговара на овие прашања и да ги пренасочи кон линијата за поддршка.

Цивика мобилитас ќе одговори на сите прашања, не подоцна од 5 календарски денови пред крајниот рок на овој повик. Цивика мобилитас редовно ќе ги објавува сите одговори на веб-страницата на Цивика мобилитас на следнава адреса: www.civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-akt-01/q-a

Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ја следат веб и фејсбук страницата, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.