Кој може да аплицира за грант во Цивика мобилитас?
Објавено: 22/01/2017
Здруженијата и фондациите може да аплицираат на сите повици, освен на оние за грантови за стипендии и практиканство. Научно-истражувачките установи како апликанти или партнери може да аплицираат само на повиците за акциски грантови. Медиумите, синдикатите и организациите на работодавачите може да аплицираат како партнери само на повиците за акциски грантови. Неформалните групи граѓани може да аплицираат само на повикот за ад хок грантови.