Цивика мобилитас овозможува поддршка за:

1) Институционален развој и организациско јакнење на граѓанските организации (ГО) преку институционални грантови (ИНС);

2) Акции за промовирање целите на граѓанските организации со колективни и колаборативни акции преку акциски грантови (АКТ);

3) Мали акции за промовирање на целите на граѓанските организации на локално/национално ниво преку мали акциски грантови (МАК);

4) Истражувања во стратешките области и трансверзалните теми на Цивика мобилитас преку  специфични акциски грантови (САК) и стипендиите за докторанди (ФЕЛ);

5) Поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и Македонија преку грантовите за практикантство (ИНР); и

6) Акции кои адресираат итни, неодложни прашања што бараат итно внимание преку ад хок грантови (АДХ);