Каде можам да најдам информации за тоа кој добил грант?
Информации за сите грантисти на Цивика мобилитас може да се најдат на веб-страницата на Цивика мобилитас, поточно на: http://civicamobilitas.mk/civica-mobilitas/za-grantistite/
Информации за сите грантисти на Цивика мобилитас може да се најдат на веб-страницата на Цивика мобилитас, поточно на: http://civicamobilitas.mk/civica-mobilitas/za-grantistite/
Здруженијата и фондациите може да аплицираат на сите повици, освен на оние за грантови за стипендии и практиканство. Научно-истражувачките установи како апликанти или партнери може да аплицираат само на повиците за акциски грантови. Медиумите, синдикатите и организациите на работодавачите може да аплицираат како партнери само на повиците за акциски грантови. Неформалните групи граѓани може да аплицираат само на повикот за ад хок грантови.
Не мора. Сепак, Цивика мобилитас ја охрабрува соработката меѓу граѓанските организации и учеството на партнери, иако партнерството не е задолжително.
Да, партнерите во акциските грантови, доколку не се корисници на институционален или специфичен акциски грант, се подобни да аплицираат за акциски грант.
Да, здруженијата и фондациите кои имаат добиено мали акциски грантови или ад хок грантови на Цивика мобилитас имаат право да се пријават на повиците за акциски или институционални грантови.
Апликантите треба да испратат само една пријава без разлика како ќе аплицираат (како апликант или партнер) на одреден повик за институционални, акциски или специфични акциски грантови, додека за малите акциски и за ад хок грантовите може да се поднесат повеќе пријави.
Не, за времетраење на програмата Цивика мобилитас едно здружение, фондација или научно-истражувачка установа може да користи само еден акциски грант.
Но, институционалните, акциските и специфичните акциски грантисти можат да аплицираат како партнери во повиците за акциски грантови. Исто така, здруженијата и фондациите корисните на институционални, акциски и специфични акциски грантисти може да аплицираат и за мали акциски и/или ад хок грантови.
Не, корисниците на акциски грант или специфичен акциски грант не се подобни за аплицирање за институционален грант до крај на програмата Цивика мобилитас и обратно корисниците на институционален грант не се подобни да аплицираат за акциски грант.
Но, институционалните, акциските и специфичните акциски грантисти се подобни да аплицираат како партнери во повиците за предлози за акциски грантови, а исто така може да аплицираат и за мали акциски и/или ад хок грантови.
На почетната страна на веб-страницата на Цивика мобилитас: http://civicamobilitas.mk/, секогаш најгоре се појавуваат актуелните или отворените повици за грантови, додека на http://civicamobilitas.mk/komponenti/2-2/ се презентирани типовите грантови и сите повици на Цивика мобилитас објавени од 2014 година.
Цивика мобилитас овозможува поддршка за:
1) Институционален развој и организациско јакнење на граѓанските организации (ГО) преку институционални грантови (ИНС);
2) Акции за промовирање целите на граѓанските организации со колективни и колаборативни акции преку акциски грантови (АКТ);
3) Мали акции за промовирање на целите на граѓанските организации на локално/национално ниво преку мали акциски грантови (МАК);
4) Истражувања во стратешките области и трансверзалните теми на Цивика мобилитас преку специфични акциски грантови (САК) и стипендиите за докторанди (ФЕЛ);
5) Поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и Македонија преку грантовите за практикантство (ИНР); и
6) Акции кои адресираат итни, неодложни прашања што бараат итно внимание преку ад хок грантови (АДХ);