Вкупен буџет: 1.799.600 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 31.10.2020

Партнер

Организација на жени на општина Струмица

Конституенти

Граѓаните од територија на општина Струмица и регионот, над 120 осудени лица под 29 години од различна етничка и верска припадност кои издржуваат затворски казни во затворот Струмица, претставници од јавните институции поврзани со процесот на пробација: Затвор Струмица, АВРМ Струмица, Пробациска служба Струмица, Основен суд Струмица, Јавно обвинителство Струмица, ЈП Комуналец Струмица, Општина Струмица, јавни и приватни претпријатија.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Заживување на законот за пробација на локално ниво преку ефективни партнерства во општина Струмица

За што е потребна акцијата

Алтернативните санкции и мерки иако се пропишани со Казнениот законик од 2004 година не заживеаја во пракса. Од тие причини во 2016 година е донесен посебен Закон за пробација. Во текот на 2017-2018-та година, Управата за извршување санкции (УИС) отвори  пробациски канцеларии за подрачјата на основните судови во: Скопје, Велес, Струмица, Штип, Тетово, Битола, Прилеп, Куманово и Охрид. УИС во континуитет спроведува активности и мерки за пробација, но имплементација на Законот  во реалност се уште оди тешко.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Успешна ресоцијализација и социјална адаптација на осудените лица во заедницата преку практична имплементација на алтернативните санкции и мерки, како и доближување на Република Северна Македонија до пенолошките стандарди на Европската Унија.

Специфична цел: Да се помогне за  успешна  примена на Законот за пробација преку граѓански активизам на локално ниво преку воспоставување соработка и јакнење на довербата  на сите  институции и засегнати страни за ефикасна примена на алтернативните санкции и мерки како и условниот отпуст.

Резултати

  • Развиена мрежа на соработници и партнерства на релевантни институции и организации на локално ниво, преку формирање на локално координативно тело;
  • Информирани и мотивирани осудени лица кои се на издржување казна затвор за нивните права и можности;
  • Преквалификувани, обучени и подготвени осудени лица со занимања за работни места, согласно потребите на пазарот на трудот;
  • Пружена помош во имплементацијата на законот во делот на изрекување пробациска мерка условен отпуст за осудени лица кои биле на издржување на затворска казна;
  • Овозможен придонес во зајакнување на образовниот систем на темата пробација;
  • Формирана „Коалиција за пробација“ која ќе делува на цела територија на национално ниво во иднина.

Активности

  1. Формирање на локално координативно тело со претставници од надлежните институции, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор – Развивање на мрежа на соработници и партнерства;
  2. Спроведување информативни работилници во КПУ Затвор Струмица од страна на секторот за ресоцијализација на КПУ и АВРМ. Анкетирање, мерење на интересот за изучување на занаети и мотивација на осудените лица за користење на нивните права и можности за ресоцијализација и интеграција во општеството;
  3. Спроведување практични обуки во затворот за стекнување на занает за изработка на бетонски елементи. Подготовка за пазарот на труд на 30 осудени лица како придонес во исполнување на критериумите за алтернативна мерка условен отпуст;
  4. Информирање на Занаетчиска комора и бизнис секторот во Струмица – можностите за вработување на лица кои биле на издржување казна затвор. Организирање средби помеѓу компании и осудени лица во КПУ, спроведување на интервјуа за работа, селекција на лица за кои што компаниите изразиле интерес за вработување. Подготовки и поднесување на предлози за условен отпуст за осудени лица до судот кој што ја донел одлуката во прв степен за оние лица кои што биле побарани од страна на компаниите;
  5. Одржување на предавање и презентации на тема пробација во универзитетот ФОН во општината Струмица;
  6. Формирање на „Коалиција за пробација“ од најмалку девет граѓански организации која што ќе делува на национално ниво во иднина.

Веб страница