Вкупен буџет: 1.671.110 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 31.07.2020

Партнер

Здружение ПЕТКАМЕН – Центар за развој на социјални комуникации Скопје

Конституенти

Луѓе кои употребуваат или кои употребувале дроги; деца и млади во социјален ризик; локална самоуправа; општа јавност

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Kреативна акција за општествени промени: граѓански ангажман на луѓето во социјален ризик

За што е потребна акцијата

Во недостаток на поддржувачка околина, луѓето кои употребуваат/-ле дроги избегнуваат јавно да истапат и во согласност со уставно и законски загарантираните права и мерки, да ја подобрат својата положба во своето опкружување. Децата и младите на улица или сместени во институции се соочуваат со многу повеќе животни предизвици отколку нивните врсници кои живеат со своите семејства. Дел од овие деца и млади имаат родители кои употребуваат дроги и/или се занимаваат со сексуална работа, а дел од нив и самите употребуваат дроги или се во зголемен ризик да почнат да употребуваат дроги. Во текот на своето работење ХОПС има остварено контакти со повеќе од 100 деца и млади на улица или во институции кои употребуваат дроги. Ова е една од причините зошто ХОПС почна да спроведува активности за здрави животни навики и за развој на животни вештини во детските домови во Скопје. Забележлива е потребата за зголемување на обемот на содржини од областа на неформалното образование кои ќе ги подготват децата и младите за правење на здрави избори за себе и за заедницата, сега и во полнолетството.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик во Скопје преку нивно активно вклучување во активности базирани на креативно-уметнички активизам и преку афирмација на нивната работа во локалната заедница.

Специфична цел:

Јакнење на капацитетите за општествен придонес на луѓето од општествено-маргинализираните заедници и збогатување на содржините за забава и неформално образование во локалните заедници, особено на децата и на младите.

Резултати

  • Ресоцијализација, реинтеграција, социјална инклузија и развивање на работни навики и вештини на луѓето кои употребуваат дроги, преку нивно активно вклучување во создавањето на креативно-уметничките просторни инсталации.
  • Социјална инклузија и развивање на животни вештини за јакнење на самодовербата кај децата во социјален ризик, преку нивно активно вклучување во развој на идеите и во изработката и креативно-уметничките просторни инсталации.
  • Видливост на придонесот на луѓето во социјален ризик во активниот живот во локалните заедници, сензибилизација на локалната и пошироката заедница и обезбедување на одржливост на акциите.

    Активности

  1. Идентификација и избор на пет луѓе кои употребуваат/употребувале дроги, креирање индивидуални работни планови и вовед во работните одговорности.
  2. Дизајн и изработка на три креативно-уметнички просторни инсталации.
  3. Претставување на една инсталација на Д-фестивал за поттикнување на младински активизам и дестигматизирање на луѓето во социјален ризик.
  4. Идентификација на соодветни локации за поставување на креативно-уметнички просторни инсталации во соработка со локалните самоуправи на општините или на Град Скопје
  5. Поставување на две инсталации на јавните простори во Скопје и нивно свечено претставување за медиумите и јавноста.
  6. Одржување на 25 креативно – едукативни работилници со децата во социјален ризик, по пет во секој од идентификуваните домови.
  7. Изработка на пет креативно – уметнички просторни инсталации.
  8. Поставување на инсталациите на избран простор во домовите за деца.
  9. Информирање на медиумите и јавноста за спроведените акции.
  10. Подготовка на документарно видео за целата акција.
  11. Подготовка на три видеа со искуствени приказни на учесниците во акцијата.
  12. Изработка на промотивно видео за привлекување на средства за самоодржливост на акцијата.

Веб страница