Вкупен буџет: 1.797.189 МКД

Времетраење: 01.06.2017 – 31.08.2018

Партнер

Здружение за правата на лицата со посебни потреби Активен живот Тетово

Конституенти

Целните групи на овој проект се организациите на лица со хендикеп (ОЛХ) и локалните самоуправи во Североисточниот и Полошкиот регион.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Регионални политики за хендикеп 

За што е потребна акцијата

Лицата со хендикеп, како и ОЛХ на локално ниво се соочуваат со предизвици од аспект дека не поседуваат соодветно знаење и познавање за партиципативно креирање политики во заедницата и не ја познаваат доволно својата улога согласно член 29 од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп (КПЛХ). Од друга страна пак, локалните самоуправи во североисточниот и полошкиот регион општо земено, немаат никаква стратегија за соработка со ОЛХ и механизми за вклучување на лицата со хендикеп, ниту пак стратешки документи и политики за да ги адресираат прашањата од значење на лицата со хендикеп. Дополнително нивните политики не се усогласени со Конвенцијата, што доведува до самите акции на локално ниво да не бидат пристапни и достапни за лицата со хендикеп.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Унапредување и усогласување на регионалните политики во североисточниот и полошкиот регион со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп (КПЛХ).

Специфична цел– Поднесување на иницијативи за усогласеноста на регионалните политики со КПЛХ и промовирање на учеството на организациите на лицата со хендикеп (ОЛХ) во креирањето и донесувањето одлуки на локално и регионално ниво.

Резултати

  • Поднесени иницијативи и препораки за унапредување на регионалните политики во североисточниот и полошкиот регион со КПЛХ;
  • Зајакнати капацитети на 15 организации на лицата со хендикеп за учеството на овие лица согласно член 29 од КПЛХ;
  • Подигната јавната свест кај чинителите во двата региони за потребата од примена на КПЛХ.

Активности

  1. Согледување на ситуацијата на терен и анализа на политиките во два региона;
  2. Изработка и печатење на публикации 1000 копии;
  3. Зајакнување на капацитетите на јавните чинители за потребата од усогласување на нивните политики со КПЛХ;
  4. Зајакнување на капацитетите на организациите на лицата со хендикеп за учество во јавниот и политичкиот живот;
  5. Печатење на налепници и обележување на 100 објекти (јавни и приватни) во двата региона со налепници за пристапност и достапност;
  6. Изработка и емитување на документарен филм.

Веб страница