Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ верува во заедничкиот општествен напор за придонес кон општествени промени. Ние го промовираме спортот, културата и родова еднаквост за да развиеме позитивни вредности и ги зајакнеме младите и другите генерации за да го подобрат својот квалитет на живот. Ние превземаме иницијативи за кампањи и создавање на партнерства на локално и интернационално ниво и ја промовираме програмата Култура и Спорт за Развој. ТАКТ се основаше врз идејата за унапредување на меѓусебна граѓанска доверба за поефективно решавање на општествените предизвици и придонес кон јакнењето на и развојот на маргинализираните групи и заедници преку креирање на посебни политики. Основната визија на организацијата е градењето на заедничка доверба, унапредување на толеранцијата и зајакнување на дијалогот помеѓу заедниците. Мисијата на организацијата е придонес кон подобро разбирање помеѓу заедниците и поттикнување на меѓусебно разбирање преку сеопфатни пристапи базирани на инклузивни, современи и универзални принципи.
Основните цели на ТАКТ се: еднакви човекови права и граѓански слободи, поддршка на маргинализираните групи, Јакнење на спортската култура, поддршка за културниот развој, поддршка за интеркултурната комуникација и соработка.

Конституенти

Маргинализираните групи на млади и возрасни лица, ранливи категории на граѓани на кои им е потребна поддршка за подобрување на квалитетот на животот и интеграција во општеството и жените вклучени во спортско културни активности.

Наслов

Стоплени Срца, Креативни работилници за бегалците во Македонија

За што е потребна акцијата

Уметничките и физичките активности претставуваат важен дел во справувањето со хуманитарни кризи како што е документирано во повеќе интернационални иницијативи ширум светот. Примери на успешно справување со намалениот морал и тага кај бегалците се иницијативите на Кловнови без граници и Магионичари без граници (Clowns Without Borders, Magicians Without Borders). Целта на оваа иницијатива е да допринесе кон подобрувањето на психосоцијалната состојба кај мигрантите во бегалските кампови во Македонија. Земаме во предвид дека успешноста на една физичка или уметничка иницијатива го поткрева моралот, спречува конфликти и нездраво однесување во камповите и придонесува кон чувството за моќ и успешно надминување на тешкотиите и проблемите со кои мигрантите секојдневно се соочуваат. Исто така, претставувањето на резултатите од ваков тип на активности во јавноста придонесуваат кон подобрена перцепција на мигрантите во средините низ кои поминуваат, наспроти генералната слика на луѓе во транзит тие се перципираат како активни личности кои можат креативно да придонесат во општеството кон кое пристапуваат.

Цели и резултати

Цел

Подобрено ментално здравје и поголема психо- социјална поддршка на мигрантите во вонредна состојба на транзит низ Македонија преку учество во уметничко- физички активности.

Резултати

  1. Зголемен број на мигранти практикуваат ад -хок уметничко-физички активности кои ја потпомагаат нивната психолошка и физичка добросостојба за време на зимскиот период.
  2. Надминати негативни стереотипи за мигрантите што транзитираат низ Македонија преку активна медиумска промоција на нивните достигнувања во креативните иницијативи.

Активности

  1. Ад-хок креативни-интерактивни работилници за деца и возрасни со изведувачки уметности (музика, танц, драма, кловнови и магионичарски трикови); визуелни уметности (цртање, сликање, фотографија); занаетчиство (ракотворби од глина и дрво)
  2. Физички активности (играње фудбал, кошарка и лесни физички вежби за подобрување на циркулацијата)
  3. Промоција и распространување на идејата за важноста на уметничко-физичките активности во граѓанскиот сектор за справување со бегалската криза, со приказ на практични примери од повеќе иницијативи и организација на работилница.
  4. Активна медиумска кампања со презентирање на резултатите од креативните работилници по социјалните мрежи и медиумите и споделување на принтан материјал, со цел да се намали стигмата на жртви што ги следи бегалците и применат на комуникациски техники кои ќе допринесат кон развој на позитивен општествен став кон бегалците.

Буџет

326.000,00 МКД