Вкупен буџет: 1.875.000
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018

Основана во 2011 година, ЗИП Институтот е независна, непартиска, тинк-тенк организација насочена кон подготовка и дистрибуција на високо-квалитетни, објективни и сеопфатни идеи и анализи од централно значење за демократизацијата и интеграцијата на Македонија во ЕУ. ЗИП се стреми да стане гласноговорник на процесот на демократизација во земјата и во регионот на Југоисточна Европа, и ја нагласува нејзината важност преку адресирање на најчестите проблеми со кои се соочува нашето општество, со работа на терен вклучувајќи обуки и конкретни активности за развој на заедницата. ЗИП е специјализиран во две клучни области: воведување на нови начини на неформално образование првенствено кај младите луѓе; и истражување на реформите во јавната администрација и локалната самоуправа. Еден дел од програмите на ЗИП се издвојуваат и според своите акциски програми на терен, во дел на воспоставување партнерства со други граѓански организации, како и локалната власт и одржување постојан контакт со своите целни групи и организирање заеднички акции во заедницата.

Конституенти

Главни конституенти на ЗИП се: единици на локална самоуправа и други државни институции; социјални претпријатија и организации кои работат на социјално претприемништво; млади од 14 до 30 год; локални и странски донатори и маргинализирани групи (Роми и други малцинства, лица од рурални средини).

Претходно искуство/проекти

Она што го издвојува ЗИП Институт во однос на другите тинк-тенк организации е тоа што направените анализи и истражувања се преточуваат во редовната пракса и конкретни предлози за подобрување на состојбите. Секоја од направените анализи вклучува соодветни заклучоци и препораки кои се разработуваат во однос на постоечките политики и закони и се разработуваат на партиципативен начин, со вклучување на релевантни засегнати страни и на тој начин стануваат и повлијателни во однос на она што се предлага и издржани според својата применливост. ЗИП Институт има учествувано во повеќе проекти, овие се некои од нив:

  • Социјално претприемништво Европа (Social Enterprise Europe);
  • Граѓански демократски развој;
  • Креирање на зајакнувачки блокови за здравствено и инклузивно општество на младите Роми во Република Македонија”

Веб страница