Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
Објавено: 25/01/2017
Вкупен буџет: 2.375.000
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Мисија: Антико е динамична, стратешка и лобистичка женска мрежа од 16 „грас рут“ ГО која ја промовира културата на мирот и изградба на заедницата преку анимирање, зајакнување и воспоставување на соработка со поединки/ци, граѓански организации и релевантни актери во областа на унапредување и заштита на човековите/женските права, постигнувањето на родовата рамноправност и развојот на мултиетничкото граѓанско општество со активни граѓани и одржлив мир и развој. Стратешките активности се фокусирани на: социјална инклузија на жени од маргинализирани групи – градење на капацитети за активно учество во јавниот, економскиот и политичкиот живот; зголемување на бројот на жени на пазарот на трудот; примена на партиципативни модели на работа и делување базирани на докази – активно учество во процесот на креирање на ефективни родови политики.
Конституенти
Жени и млади деца од маринализирани групи и етнички заедници од локалните заедници на Р.М, 16 ГО – членки на мрежата, индивидуални членки, активистки корисници, волонтери. Други: експерти, обучувачи, жени од сите политички партии и нивните младински форуми, членови на комисии за еднакви можности, советници, професори.
Претходно искуство/проекти
Здружението АНТИКО, има големо влијание на политиките за правата на жените, преку учество во повеќе проекти:
- „Економско јакнење на жени од две општини“ – дизајнирање на модел и пробен партиципативен пристап за развивање политики за економско јакнење на жени, базиран на докази, на територијта на две мулти-етнички општини (Кичево и Битола);
- „Преку младински активизам до соживот на различностите во заедницата“ – придонес кон зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата;
- „Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост“ – зголемување на свеста кај општинските власти и маргинализираните жени лидерки за родова еднаквост и за правата на жените, како и градење на капацитетот на жените лидерки, да се развијат иницијативи и да се вклучат во транснационални партнерства со други женски граѓански организации.