ЗГ Есперанца-Светски културен центар Скопје
Објавено: 02/03/2016
Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар е формирано во 2010 година. Нејзините членови – граѓански, културни и медиумски активисти, имаат долгогодишно искуство во полето на културата и граѓанското дејствување. „Есперанца“ дејствува во сферата на културата, неформалното образование, општествена интеграција и граѓанскиот активизам.
Мисијата на организацијата е да дејствува како катализатор и поттикнувач на процесите во светската култура, да внесе динамика во разбирањето на различните светски култури, да создаде јадра на просветлување и јазли на отпор против монокултурата, национализмот, доминацијата, исклучувањето.
Визијата на организацијата е да создаде свет со етика и правичност во хаотичните процеси, да создаде поредоци на креација, смисла и надеж во идниот развој на планетата Земја.
Конституенти
Професионалци – менаџери во културата, универзитетски професори, уметници, теоретичари, критичари, куратори, политичари, активисти, државни службеници и јавноста, глобалната публика вклучена преку интернет, локалните и националните власти.
Претходно искуство
Наслов
Од дијаспора до различности – трансформациски акции за уметноста на дијаспората и управувањето со културната разновидност
За што е потребна акцијата
Проектот беше инспириран од потребата за ново разбирање на дијаспората во контекст на променетиот амбиент на зголемена мобилност, глобализацијата и различни начини на искусување на културните различности. Проектот беше особено инициран од потребата да се промислат уметничките практики на уметниците од Западен Балкан кои имаат различна дијаспорична позадина и искуства. Тоа би можело да донесе нов увид на дијаспората кој започнува од аргументот дека денес дијаспората во областа на културата има различно значење и форми отколку што беше тоа пред неколку децении. Во контекст на глобализацијата, уметниците, како и другите луѓе во движење, имаат различни мотиви од порано. Тоа е желбата за стекнување нови искуства, личен развој, уживање на културната различност. Во оваа смисла проектот ќе донесе интердисциплинарно истражување на кураторските практики и уметнички портфолија. Ќе се истражуваат модели на управување со разновидноста. Тоа ќе обезбеди нови теоретска рамка која има за цел да ги инспирира промените во разбирањето и оттаму на различни културни политики. Политики кои ќе значат подобрување на меѓународните кариери на оттселените или номадските уметници, но и односот кон дијаспората воопшто.
Цели и резултати
Цел
Да иницира промени во целокупното разбирање на дијаспората во современиот контекст на номадски културни практики, и да придонесе за градење на отворена, разновидна, интегрирана европска културна сфера и општеството.
Резултати
- Ажурирани и подобрени знаења во однос на поимот и значењето на дијаспората за културните различности, меѓународната мобилност, современите уметнички и културни практики;
- Зголемен интерес за уметнички (културни) практики кои се занимаваат со различни искуства на дијаспората;
- Зголемен интерес и компетенции на локалните уметници за мобилност и истражување на културните различности;
- Подобрена комуникација помеѓу уметници, културни работници од дијаспората и нивните матични земји;
- Зголемен интерес на европските културни актери да соработуваат со уметници кои потекнуваат од земјите од Западен Балкан;
- Воспоставена платформа на соработка за прашањата на дијаспората, меѓународната мобилност и разновидност со широк европски распон;
- Подобрен увид во механизмите на политиката кои се на располагање на играчите во културата, како и за инструментите на поддршка достапни за уметниците од дијаспората и за оние кои се занимаваат со прашањата на диверзитетот и во нивните места на потекло и на дестинација;
- Подигање на свеста за потребата од спроведување на промени на ниво на политики врз основа на ажурирани разбирање на дијаспората;
Активности
- Истражување;
- Градење на капацитети;
- Изложба;
- Конференција.
Буџет
350.000 МКД