Здружение за животна средина Еко планета, Скопје
Објавено: 22/06/2017
Здружението за животна средина „Еко планета“ од Скопје се група екологисти со визија и мисија за подобрување на животната средина во Р. Македонија и пошироко. Методите на работа им се главно теренска работа, каде што може да се види резултатот од нивните напори за подобрување на животната средина. Исто така, тие се фокусирани на работа и едукација на најмладата генерација, децата како идни еколошко свесни граѓани.
Конституенти
Ученици од петто одделение од 10те основните училишта во општина Карпош
Наслов
ЕДУКАЦИЈА НА ДЕЦАТА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ НА ТЕМА – КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ
За што е потребна акцијата
Загадувањето на воздухот е еден од клучните причинители за здравствените проблеми, особено кај најмладата популација, кај постарите и кај хронично болните. Затоа е потребна едукација на учениците за причинителите на загадување на воздухот и за заштита од истото.
Цели и резултати
Цел
Целта е да се создадат идни генерации на еколошки свесни граѓани кои ќе знаат да се заштитат и ќе ги знаат причинителите на загадувањето и да се борат и работат за негово намалување.
Резултати
Со овој проект учениците ќе бидат доволно и навремено едуцирани за опасноста од загадениот воздух, ќе се преземат мерки за подобрување на воздухот и ќе се подигне свеста кај идните генерации.
Активности
- Подготвителни активности, план и програма за едукација
- Едукација на ученици во 10 основни училишта во општина Карпош
- Едукацијата е составена од теоретски дел (презентација) потоа следува дискусија,прашања и одговори
- Сумирање на искуствата и подготвување извештај за успешноста на проектот
- Презентирање на извештајот.
Буџет: 212.750 МКД
Времетраење: 1.5.2017- 31.8.2017