Вкупен буџет: 4.515.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“  е национално, неполитичко, непрофитабилно здружение на граѓани, кое активно работи на полето на заштитата и укажување помош на животните во Р. Македонија.
Здружението е основано на 4. октомври 2009 година.

Визијата на АНИМА МУНДИ е хуман свет –  свет без насилство, мачење, искористување на животните од страна на луѓето  и нивно уважување како свесни и чувствителни живи битија на кои природно им припаѓа правото на живот и слобода.

Мисија на здружението е да поттикне и предводи борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот  и дејствува преку 1) едукација (ширење информации со цел да се создаде индивидуална и колективна промена на свест); 2) лобирање и соработка со институциите за поволна законска рамка и имплементација на законите; како и преку 3) активна работа на терен. На овој начин ќе придонесе кон заштитата на животните и хуманизација на македонското општество во целост.

„Анима Мунди“ максимално се ангажира за:

  • Заштита на напуштените и бездомни животни, овозможување на соодветна помош и осигурување на нивно сигурно сместување;
  • Заштита на сите животни во поединечни случаи на измачување и суровост;
  • Заштита на загрозените и заштитени видови во нивната природна средина, како и заштита на видовите кои се дел од трговија и загрозување;
  • Промовирање и посочување на вегетаријанство како етички и еколошки одржлив животен стил и здрав облик на исхрана;
  • Промоција на хуманост, ненасилство, едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата.
  • Соработка, застапување на правата на животните пред македонските институции од локална и централна власт; застапување на интересите и правата на граѓаните сопственици на миленици

Конституенти

Лица кои ги сакаат животните; сопственици на миленици; оние кои се грижат за бездомни животни; вегани, вегетаријанци, т.е лица кои не конзумираат/употребуваат состојки од животинско потекло водени од етички, религиозни, еколошки, медицински или кои било други лични мотиви и убедувања, претставниците на локалната самоуправа, претставниците на централна власт  и секако пред се граѓаните. Анима Мунди има 23 активни членови, повеќе од 1.700 регистрирани членови и над 30.000 поддржувачи. Сите членови на здружението се волонтери.

Претходно искуство/проекти

Генерално гледано, дејствувањето на „Анима Мунди“ е насочено на три нивоа:

  1. институционално – влијание врз македонската легислатива со цел нејзино доближување и усогласување со европската;
  2. на терен – едукација и поттикнување граѓански активизам, како и укажување на директна помош на животните, и
  3. медиумски – преку интензивна комуникација со медиумите со чија помош влијае врз колективната свест, промовираме алтруизам и хуманост.

„Анима Мунди“ е едно од најгласните здруженија на граѓани во државата и покрај фактот што правата и благосостојбата на животните се маргинализиран проблем во Република Македонија.

Веб страница