Здружението Прогрес опстојува во Р.Македонија цели 16 години и посветено се стреми кон проширување и исполнување на однапред зададената мисија за едукација инклузија и интеграција на Ромското население за надминување на социјалната кохезија и поголемо учество во процесот на креирање политики и донесување одлуки. Една од приоритетните области за која што и да се направи никогаш не е доволно се човековите права. Ромското население поради својата маргинализираност, недоволната едукација и интеграција, станува група која е најмногу подложна на манипулација и како таква често е осудувана, дискриминирана и десоцијализирана/асоцијализирана. Поради тоа Здружението Прогрес водена од своите вредности за еднаквост, толеранција, чесност и т.н. се стреми преку исполнување на својата мисија да ја исполни и визијата за создавање една позитивна слика за Ромското население како народ достоен за доверба, соработка и почитување.

Конституенти

Младите Роми на возраст од 18 до 35 години и ромското население во општина Шуто Оризари.

Наслов

РОМСКО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

За што е потребна акцијата

Младите луѓе претставуваат главен извор за развој на општеството, главни двигатели за социјален развој и промена, зголемување на економијата и напредок на технологијата. Но, кога станува збор за Ромската младина во Р.Македонија, мора да се признае дека нивната инклузија во јавните процеси на донесување одлуки и креирање на јавното мислење е многу мала и речиси незабелешителна. Ова младинско малцинство во Македонија е како и сите други млади луѓе кои живеат на планетава, интелигенти, заинтересирани за се што може да им го промени начинот на живот. Сега е редот на граѓанските организации да ги едуцира за моќта на младинското обединување и инклузија во овие јавни политики.

Цели и резултати

Цел

Долгорочна цел

-Зголемување и зацврстување на инклузијата на младите Роми во процесот на донесување одлуки и креирање на јавното мислење

Краткорочни цели

-Консултации со младите Роми за теми поврзани со проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат секојдневно

-Информирани локални власти преку обработени податоци за мислењето на младите Роми во врска со некои дадени проекти или општински активности.

-Превземање на контролата врз јавното споделување информации и младинско учество во работата и активностите на локалните власти.

Резултати

  • Преку 100 млади роми консултирани преку онлајн платформи и прашалници
  • 5 претставници од Ромска младинска организација активно ќе учествуваат во 10 јавни седници на локалната власт во општина Шуто Оризари.
  • преку 100 млади Роми зачленети во Ромската младинска организација.
  • Подобрување на меѓусебната соработка на лицата од локалната самоуправа кои се директно инволвирани во решавање на проблемите на младите и граѓанските здруженија
  • Активно вклучување на младите Роми во донесувањето одлуки и градење на младински политики
  • Подигање на свеста кај младите но и засегнатите институции.

Активности

  1. Тркалезна маса на која ќе се дискутира за бенефитот од младинското учество во јавните процеси на донесување одлуки и процесот на креирање јавно мислењ
  2. Формирање на Ромски Младински Совет преку пополнување онлајн апликација
  3. Семинар на кој ќе присуствуваат сите пријавени млади роми кои ќе бидат зачленети во Ромската Младинска организација.
  4. Јавни онлајн платформи и анкетни прашалници за консултација на јавното ромско мислење за проекти и активности од јавен локален карактер.
  5. Објавување на сите резултати и сите активности на веб страната на Здружение Прогрес и преку мгостувања во дебатни и информативни емисии на ТВ Шутел, за поголема транспарентност и увид на граѓаните во работата не само на младинската организација, туку и на јавните власти.
  6. Следење на јавните седници, соопштување на податоците од јавните анкети, дискусии и дебатирање на важни теми.
  7. Објавување на едно печатено издание кое ќе ги содржи сите извештаи од Ромската Младинска Организација во 300 примероци на македонски и англиски јазик достапни за сите заинтересирани.

Буџет: 399.198 МКД

Времетраење: 1.7.2017 – 30.4.2018