Здружение Ергос е самостојно здружение на граѓани и со својата работа започнува во 1998. Мисија на Ергос е да придонесе кон јакнење на граѓанското општество преку зголемено учество на граѓанскиот сектор во креирање политика и стимулирање акции.

Дејноста на ЕРГОС ја сочинуваат активности насочени кон унапредување на економското и општественото живеење на граѓаните, истражување и анализа на општествените состојби, едукација и активности во областа на социјална инклузија.

Нивната цел е да се унапреди опшественото економско живеење преку реализација на разни видови проекти, а преку тоа и да се постигне и унапредување на демократијата преку современи форми на организирање на граѓаните, испитување на јавното мислење и ставовите на граѓаните по однос на сите актуелни прашања од нивниот живот. Преку доставување и изготвување предлози и мислења до надлежни органи и организации да се постигне поефективно делување на МСП, зголемување на вработеноста и разрешување на социјалните проблеми, како и заштита на животната средина.

Конституенти

Млади луѓе од македонска и албанска националност.

Наслов

ПAРАЛЕЛЕН  ЖИВОТ 18- МЛАДИ ВО АКЦИЈА

За што е потребна акцијата

Моменталната ситуација со донесување на предлог законот за двојазичност во РМ ги разгоре и така чуствителните односите помеѓу етничките заедници во државата, а поради конфликтите во минатото, треба да се работи на ова прашање за да се хомогенизираат односите  во иднина и тоа преку поддршка и соработка помеѓу различни заедници. Овој проблем на омраза и дискриминација сите треба да го надминеме и да пробаме да живееме хармонично и без предрасуди.

Цели и резултати

Цел

Преку културен настан, забава и дружење на младите од различна етничка припадност да се зацврстат меѓуетничките односи во Република Македонија, како и да се утврдат темелите за одржлива мултиетничка соработка преку интеркултурно учење и комуникација меѓу младите.

Резултати

  • Изработено лого, брошура, слоган за полесно препознавање на кампањата;
  • Избрани две презентации и доделени награди;
  • Изработена веб страна за проектот, презентирање на резултати и видливост на проектот;
  • Сплотување и надминување на бариерите помеѓу етникумите преку игри и забава;
  • Презентирање на резултати од анкетниот прашалник.

Активности

  1. Фаза на подготовка/ методологија на работа;
  2. Повик до невладиниот сектор за пријавување на кандидати од кои најдобрите презентации ќе бидат наградени;
  3. Културен настан;
  4. Прашалник/преглед на резултатите од настанот и кампањата.

 

Буџет: 198.000 МКД

Времетраење: 01.12.2017 – 28.02.2018