Здружение за развој на ромската заедница Сумнал
Објавено: 02/03/2016
Здружението за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал е основано во јуни 2004 година за да одговори на проблемот на ниската вклученост на Ромите во државните училишта во населбата Топаана (општина Чаир) како и исклучително слабиот успех на училиште на запишаните деца, високата стапка на испишување од училиштата, неписменоста и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми Сумнал спроведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои им помагаат на ромските деца да се вклучат во редовните училишта и успешно да ги совладаат наставните програми. За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, па иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели Сумнал обезбедува широк спектар на активности и поддршка на заедницата. Овие можности го вклучуваат следното, иако не се ограничени само на тоа: права на жените, подучување, регистрација на граѓани, борба со сиромаштија која е честа во околината, семејно насилство, хигиена и санитетско- здравствени мерки, вакцинирање, права на децата, описменување на возрасни, демократско учество, човекова средина, помош и поддршка на инклузија на стари лица, помош и поддршка при вработување на Ромите и многу други. Своите активности Сумнал ги прошири и во општина Шуто оризари како и во Битола делувајќи успешно не само во нив туку и во останатите општини во Скопскиот и Пелагонискиот регион, и пошироко во Република Македонија.
Конституенти
Ромската популација во општина Чаир (населба Топаана и Шуто Оризари) и општина Битола (населба Баир).
Наслов
Јас имам избирачко право!
За што е потребна акцијата
Притисоците и влијанијата врз ромската заедница, пред се младите кои гласаат за прв пат и постарите лица и се познати на македонската јавност и на ромските невладини организации,а тие се и медиумски документирани и потврдени. Најголем дел од овие притисоци и влијанија се остваруваат од причини на неинформираност на Ромите за нивните права и обврски. Главните чинители на кои се однесува акцијата се 100 млади Роми ( со навршени најмалку 18 години и нагоре) кои ќе имаат можност за прв пат да гласаат, а ќе бидат вклучени и повозрасни припадници на ромска заедница со цел зголемување на знаењата за нивните права и обврски за време на изборите, знаење за проверка дали се или не се во избирачкиот список) со цел отстранување на можностите за влијание или притисоци врз ромската заедница, посебно младите и повозрасните од општина Чаир (ромската населба Топаана) и општината Битола (ромската населба Баир) на следните избори во земјата и понатака.
Цели и резултати
Цел
Предложената акција има за цел да го зголеми знаењето на 100 млади и постари Роми за нивните избирачки права и обврски во насока на овозможување слободно и без притисоци реализирање на нивното право на глас.
Резултати
- Најмалку 100 млади и постари Роми од 2 региони во Македонија ќе стекнат знаење за нивните права и обврски поврзани со избирачкото право и ќе можат да го применат истото и без притисоци и влијанија.
Активности
- Информирање на ромската заедница и целната група за проектот и планираните активности;
- Идентификување на целата група – најмалку 100 млади и повозрасни Роми од ромската средина во Чаир и Битола;
- Развој на агендата и идентификување на излагачи за информативно едукативни средби;
- Организирање на 4 информативно едукативни средби за целата група (2 во Чаир и 2 во Битола за најмалку 25 лица по средба);
- Изработка и достава на Анализа на спроведените активности и постигнатите резултати пред и по изборите;
- Изработка и достава на финален извештај.
Буџет
300.000 МКД