Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – КОНЦЕПТ ПЛУС Скопје е млада организација формирана заради остварување на поширок граѓански и општествен интерес. Цел на здружението е развивање на  капацитетни промени во општеството во одговор на потребите на граѓанското општетсво, локалните заедници и бизнис заедницата на локално, регионално и европско ниво со цел унапредување и развивање на општеството и заедниците. Визија на КОНЦЕПТ ПЛУС е капацитетен, ресурсен и самоодржлив граѓански сектор за решавање на реални проблеми во општеството, преку креирање на квалитативни и квантитативни локaлни политики, давање услуги и мобилизирање на локални ресурси, потоа способни локални заедници кои ќе развијат долгорочни решенија за локалните проблеми, како и позитивно влијание врз целокупната благосостојба на граѓаните и бизнис секторот, со што учествува во заедниците и прави општествено одговорни одлуки. Мисијата на здружението е унапредување на претприемништвото како основа за економски, социјален и културен развој на заедницата и инклузија на социјално ранливите групи преку стекнување и примена на знаења.

Конституенти

Граѓаните кои живеат во целните општини.

Наслов

ЈАКНЕЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ АКТИВИЗАМ ПРЕКУ МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

За што е потребна акцијата

Зголемување на јавната свест за активно граѓанско учество и поттикнување граѓански активизам за решавање на локални предизвици преку медиумско описменување

Цели и резултати

Цел

Основна цел на проектот е поттикнување на граѓански активизам во помалите средини (градови) во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како се креира вест, како да се препознае разликата помеѓу реклама, вест и манипулација, како да се препознае политичка или друг вид на пропаганда, и директна граѓанска активност во решавање на предизвиците во тие средини.

Резултати

  • 100 учесници кои зеле учество на работилниците за медиумска писменост
  • Изработени најмалку 20 прилози за теми кои не се третирани доволно во јавноста
  • Публикувани шест стории од учесниците на работилниците во Слободен печат
  • Одржани шест работилници за медиумска писменост
  • Одржани шест работилници граѓански активизам
  • Идентификувани шест локални предизвици и поттикната свест и активност за решавање на истите
  • Имплементирана конференција за медиумска писменост со учество на пет говорници од различни медиуми и граѓански организации со минимум 40 учесници
  • Дизајнирани, изработени и испратени седум соопштенија за јавност за проектот
  • Публикувани над 25 прилози за проектот во медиумите

Активности

  1. Реализирање на дводневни работилници во шест градови на Македонија
  2. Конференција за граѓански активизам преку медиумска писменост во Скопје
  3. Промоција на проектот, изработка на промотивни материјали
  4. Прилози во Слободен печат на најдобрите прилози од секој град поединечно

Буџет: 385.000 МКД

Времетраење: 1.3.2017 – 31.7.2017

Веб страница