За да се задоволат потребите на месното население од Галичник се основаше Месна заедница за развој на Галичник (МЗГ). Цел на МЗГ с. Галичник Маврово и Ростуша, е развој на Галичник , преку:

– зачувување на културно-историските вредности на Галичник;
– унапредување на инфраструктурата;
– одржување на Галичката свадба и други културни и спортски манифестации;
– поттикнување на економски активности.

Конституенти

Сите граѓани на возраст помеѓу 15 и 40 години.

Наслов

ГАЛИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2016

За што е потребна акцијата

Заради постигнување одржлив развој на Галичник, подобрување и промоција на туристичкиот производ што го нуди како и промоција на културното наследство потребно е преку граѓански активизам да се генерираат идеи за враќање на младите и повторно заживување на селото.

Цели и резултати

Цел

Активирање на младите со потекло од Галичник за учество во организација на активности и настани за задржување на традицијата кои всушност ќе бидат можност младите да се вклучат и со тоа да се поттикне нивната желба за миграција кон селото.

Резултати

  • Зголемено учество на младите во настани;
  • Зголемена соработка и активно залагање на повеќе организации на ниво на општина Маврово-Ростуше;
  • Зголемен квалитет и промоција на капацитетот со кој располага Галичник за активности од секаква област (спорт, музика, уметност, култура итн);
  • Збогатување на културниот живот на младите преку организација на настан кој ќе биде атрактивен за нив;
  • Освежување на музејот КАМ со нови предмети.

Активности

  1. Промоција на проектот и објавување повик за учесници и волонтери при организација на Галичка свадба 2016;
  2. Организирање промо штанд на галичка носија, мијачките инструменти и сувенири како и преработките од млекото: сирење, кашкавал, урда итн;
  3. Активно вклучување на младите во ликовните и книжевните колонии, развивање на планинскиот велосипедизам и рекреативно јавање коњи;
  4. Организирање на забава по повод празникот Преображение со вклучување на музички бенд составен од младите од општина Маврово – Ростуше кои ќе се посветат на преработка на народните галички и општо мијачки песни;
  5. Организирање на работилница за време на Преображение во која младите ќе се ангажираат да направат евиденција на заинтересираните учесници/волонтери како и да се генерираат идеи за развој на Галичник.

Буџет: 395.000 МКД

Времетраење: 14.7.2016 – 13.10.2016

Веб страница