ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РАМНОПРАВЕН РАЗВОЈ – РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ
Објавено: 16/08/2016
Решенија за развој (РР) е помладо здружение чија што визија е постигнување рамноправен, правичен развој. Мисијата на РР е да придонес кон институции, политики, и практики кои ќе доведат до рамноправен развој. По својата природа РР е близок до дефиницијата на т.н. think-tank, или експертска организација. Иако е скорешно по регистрација, РР вклучува и се потпира на работата на експерти со долгогодишно искуство во областа на развојот и градењето на граѓанското општество. Основен фокус на работата на РР е зајакнувањето на капацитетот на организациите со развоен мандат, како што се граѓански организации (ГО), општини, училишта, и други јавни и приватни организации за развој и имплементација на развојни проекти. Една основна активност на РР е директната помош на организации во дизајнирање и менаџирање на развојни проекти. Освен тоа РР испорачува обуки од областа на планирањето и менаџирањето на развојот. Дел од овие обуки се стандардизирани додека други се прилагодени на потребите на корисниците.
Конституенти
Основни конституенти на РР се ГО од Македонија и од регионот кои ги користат услугите на РР. Конституенти во поширока смисла се организации на ГО и други приватни и јавни организации кои ги користат услугите на систематизација и дисеминација на информации, вклучително и Библиотеката за граѓанското општество.
За проектот што е поддржан од Цивика
Е-платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија
За што е потребна акцијата
Основен резултат од проектот е Е-платформата за соработка, истражување и развој (ИР), и за учење и споделување (УС) помеѓу организациите на граѓанското општество во РМ.
Цели и резултати
Општа цел: Да се зголеми и подобри употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во промовирањето на работата, соработката, и развојот на ГО во Република Македонија.
Специфична цел: Да се изгради, оддржува, и предаде на Цивика мобилитас (ЦМ) иновативна и интерактивна е-платформа која грантистите на ЦМ, и другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти ќе ја користат за соработка, истражување и развој (ИР), и за учење и споделување (УС).
Резултати
- Конкретните потреби за ИКТ во процесите на соработка, ИР и УС на грантистите на ЦМ и другите ГО утврдени низ партиципативен процес на проценка.
- Е-платформа дизајнирана и изградена во согласност со утврдените потреби и насоки, и тековно оддржувана.
- Е-платформа промовирана, корисниците воведени во нејзиното користење, и тековно снабдувана со податоци.
Активности
1.1 Спроведување на онлајн проценка на веб страниците на грантистите на ЦМ и други ГО.
1.2 Спроведување на анкета за ИКТ потребите во процеси на соработка, ИР, и УС со грантистите на ЦМ и други ГО.
1.3 Организирање на 4 регионални фокус групи со грантисти на ЦМ и други ГО за утврдување на конкретните ИКТ потреби.
2.1 Ангажирање на компанија за развој на ИКТ софтвер.
2.2 Дизајнирање на Е-платформата.
2.3 Развој на Е-платформата.
2.4 Тековно оддржување на Е-платформата.
3.1 Организирање на четири регионални презентации на Е-платформата за грантисти на ЦМ, и други ГО.
3.2 Воспоставување на центар за техничка поддршка и обезбедување на редовна поддршка на корисниците на Е-платформата.
Буџет
3.090.150 МКД
Период на спроведување
1.06.2016-31.05.2018