Центарот за правни истражувања и анализи работи со визија да биде објективен и кредибилен ресурсен центар кој ќе овозможува за пошироката и стручната јавност пристап до корисни анализи и информации, како и практично разбирање за тековните правни прашања, преку кредибилнно и професионално истражување на закононите и нивното спроведување.

ЦПИА е обврзан кон демократско општество кое се заснова на принципите на владеење на правото, суштинска еднаквост и кое обезбедува принципите, правата и одговорностите загарантирани со Уставот да бидат целосно почитувани, промовирани, заштитени и остварени.

ЦПИА се обврзува кон обезбедување релевантни, објективни и професионални услуги за стручната и пошироката јавност во областа на правното истражување, делување засновано на интегритет, стручност, соработка и отвореност, иновација, креативност, делување согласно принципите на најдобрите практики, подобрување на давањето услуги и нивна ефикасност, легитимност, евалуација и отчетност.

Конституенти

Граѓаните на РМ, Правосудни институции (Уставен суд на РМ, Министерството за правда, Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП при Министерството за правда) и граѓанските организации кои што се залагаат за принципот на владеењето на правото и подобрување на системот на заштита на човековите права.

Наслов

Зголемена видливост на работата на Уставниот суд

За што е потребна акцијата

Акцијата се осврнува на моменталната позиција на Уставниот суд во врска со општите мерки за случаите кои што биле дел од одлучувањето на овој суд по актуелната пресуда добиена во месец февруари 2017 година по Апликацијата бр.67259/14 поднесена до Европскиот суд за човекови права.

Акцентот е ставен на одржувањето на усна расправа по постапките поведени пред Уставен суд на РМ со посебен осврт на постапките по барање за заштита на слободата на изразување и правото на јавно изразување на мислата.

Цели и резултати

Цел

Зголемување на видливоста на спроведување на правдата и поттикнување на јавната свест за постапката пред Уставен суд во врска со јавните расправи.

Резултати

  • Зголемена видливост на работата на Уставниот суд во врска со општите мерки на извршување на пресудите на ЕСЧП
  • Препораки и заклучоци за подобрувањето на работењето на Уставниот суд во врска со пресудите на ЕСЧП.

Активности

  1. Истражување на работата на Уставниот суд во врска одржување на јавни расправи;
  2. Tркалезна маса за судии од Уставен суд, правосудни институции и граѓански организации кои работат во областа на правото;
  3. Финализирање и промоција на истражувањето.

 

Буџет: 300.000 МКД

Времетраење: 5.7.2017 – 4.11.2018

Веб страница