Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите од руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ
Објавено: 22/06/2017
Здружението за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини- „Секогаш соживот“ е ново регистрирано здружение кое се наоѓа и дејствува на територијата на с.Канатларци, Прилеп заради остварување на поширок заеднички интерес.
Главна цел на здружението е остварување на основните човекови права на жените и младите во руралните средини и надминување на стереотипите и предрасудите во однос на различните етникуми.
Мисијата на здружението е да се створат услови за активно вклучување на жените и младите од руралните средини во општествено социјалните процеси преку промовирање на правото на жените, правата на децата, здравствени права, правата на недискриминација, како и нудење на неформална едукација на жените и младите од руралните средини.
Конституенти
Жени од различни етнички заедници кои потекнуваат од с. Канатларци.
Наслов
ЧИСТА СРЕДИНА
За што е потребна акцијата
Во с.Канатларци живеат околу 1500 жители од повеќе националности. Низ селото поминува река во должина од околу 1200 метри која што е презагадена најмногу од несовесноста на населението. И покрај тоа што ЈСП Комуналец еднаш во неделата го собира ѓубрето, тие сепак фрлаат и во реката, па во речното корито може да се најдат дури и пцовисани животни. Со самото тоа се шират и разни инфекции. Од овие причини треба да се санира отпадот, да се исчисти речното корито и населението да ја разбере штетноста од тој отпад бидејќи сегашната состојба нè засега сите.
Цели и резултати
Цел
Почиста околина, зголемена свеста кај населението и намалување на ризикот за заболување од разни инфекции.
Резултати
- намалување на последиците од загаденоста
- зголемување на свеста кај населението
- почиста животна средина
Активности
- Темелно чистење на речното корито
- Одржување на две обуки на населението и тоа на тема: Заштита на животната средина и заштита од заразни болести и ширење на епидемија
- Креативна работилница за деца и родители на тема „Моето чисто живеалиште“ во соработка со О.У.„Кирил и Методиј“ од с. Канатларци
Буџет: 380.300 МКД
Времетраење: 15.3.2017- 14.9.2017