ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МЕДИУМСКА И КОМУНИКАЦИСКА КУЛТУРА И ГРАЃАНСКИ ПРАВА „РЕФОРМАТОР“, СКОПЈЕ
Објавено: 22/06/2017
Основна цел на Здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Реформатор“ е развој на медиумите и промоција на независното новинарство, развивање на свест за јавност низ образование за медиуми и поттикнување на развој на корисници кои со разбирање и критичка дистанца ќе ги користат медиумските содржини.
Останати цели и задачи на здружението се: слобода на говор, јакнење на јавната дебата и комуникациската култура, нови форми на медиумско изразување и активности за примена на нови технологии и развој на медиуми, промоција на независното новинарство, организирање и вклучување во медиумски проекти, чија цел е промовирање на европски стандарди и критериуми за новинарство, заштита на децата и ранливите категории на граѓани, потрошувачките права.
Конституенти:
Граѓани, гласачи, идни пратеници.
Наслов
Пратеник од доверба!
За што е потребна акцијата
Во демократски општества информираноста на граѓаните е клучен предуслов за нивната способност да носат правилни политички одлуки. Последните години е изразен трендот на кандидирање и избор на пратеници кои не до крај или воопшто не ги артикулираат барањата и потребите на заедниците од каде што се избрани. Делумно ова се должи на пропорционалниот систем на избор на пратеници, со кој нема локална репрезентативност, а делумно на централизираниот начин на селекција на кандидатите (често партиските тела или лидерот одлучуваат кој ќе се најде на кандидатските листи).
Цели и резултати
Цел
Општа цел на акцијата е подигната јавна свест за важноста на претставничката демократија во Република Македонија.
Специфична цел е креирање на профил на пратеник кој што ќе ги застапува интересите на својата средина
Резултати
- Информирани граѓани за нивните права во избирачкиот процес и откако ќе профункционира парламентот и за обврските на пратениците од нивните локални средини
- Зголемена отчетност на пратениците кон локалното население.
Активности
- Подготовка, продукција, монтажа и емитување на шест ТВ стории, по еден од секоја изборна единица на национална ТВ станица
- Промоција на ТВ сториите со изработка на промотивни спотови емитувани на национална ТВ станица
- Подговотвка на сториите за веб
- Изработка и поставување на банер за веб
Временска рамка: 18.11.2016 – 18.3.2017
Буџет: 398.000 МКД