Здружението за културен и едукативен развој – „Кул младина“ од Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласнот со Уставот и Законот. Главните цели на здружението се: -Подобрување на квалитетот на образовната подготовка на младите со цел побрзо наоѓање на работа или отворање сопствен бизнис; Зголемување на обемот и квалитетот на културните, спортските и волонтерските активности; Зајакнување на лидерството и самодовербата кај младите преку нивно вклучување во организирани форми на дејствување.

Конституенти:

Младите од општина Штип и локалната самоуправа.

Наслов

Младинска  активација за локална организација

За што е потребна акцијата

Намалување на индиферентноста кај младите кон младинскиот сектор, воведување на младите во системот на општествениот сектор и промовирање на работата и начинот на функционирање на локалната самоуправа. Едукација за општествените права на младите на локално и национално ниво, промоција на административната структура на локалната самоуправа за да се зголеми учеството и заинтересираноста на граѓаните (младите) во општеството и нивната можност за донесување одлуки и влијание врз донесените одлуки од локалната самоуправа

Цели и резултати

Цел

Младите од општина Штип да бидат запознаени со процесот на донесување одлуки во локалната самоуправа.

Резултати

  • Младите активно се вклучени во донесување одлуки во локалната самоуправа
  • Младите ја зголемија својата проектна иницијативност кон локалната самоуправа
  • Младите се запознаени и заинтересирани за учество и соработка со локалната самоуправа
  • Младите соработуваат со локалната самоуправа

Активности

  1. Информирање на јавноста преку медиумите за проектот
  2. Формирање на Комисија за селекција на млади кои ќе учествуваат во проектот
  3. Селекција на млади кои ќе учествуваат
  4. Координативен состанок помеѓу соработниците и одбраните млади
  5. Организација на петдневна работилница/ симулација
  6. Реализација на реален проект кој ќе произлезе од работилницата
  7. Евалуација и мониторинг на проектот

Временска рамка: 1.4.2017 – 31.3.2018

Буџет: 338.107 МКД

Веб страница