Мисијата на ЗКУ Таксират е развој на културата и уметноста, нивна популаризација, вклучување на граѓанскиот сектор во градењето политики на ова поле, негување на културното наследство, градење на мирот и развојот на соработката меѓу различните етнички групи, поддршка и зацврстување на активизмот и граѓанскиот сектор. Својата мисија, ЗКУ Таксират ја реализира преку организација на конференции, културни настани, кампањи и лобирање, со кои делува на јавната свест за потребата од поквалитетна културно-уметничка понуда, а директно дејствува врз широката популација преку организација на фестивали, претстави, изложби, перформанси, работилници, семинари. Главниот фокус е заживување на културниот живот во Р. Македонија и поддршка на уметноста и мултидисциплинарните активности, а во тој фокус е и создавањето на македонски фестивалски бренд кој ќе биде на исто ниво како и светски познатите музички фестивали кои се посветени не само на презентирање на уметничките дела, туку и на промоција на позитивните вредности со директно вклучување и ангажирање на младите и граѓанскиот сектор. Како дел од неколку европски фестивалски мрежи (Yourope http://www.yourope.org/yourope_festivals.aspx, Eurosonic Noorderslag- CEETEP http://www.etep.nl/ceetep/about-ceetep/ ) и како дел од неколку проекти поддржани од ЕУ (Music Without Borders, Multiculturalism in Music, West is the Best, WBADT), целта е да се промовира македонската култура и уметност надвор од Македонија и да пренесува во Македонија и регионот современ know-how на полето на музичката индустрија, како и бројни работилници, тренинзи и едукативни програми во полето на културата.

Конституенти:

Младината во РМ, посетители и учесници на Д Фестивал, , грантисти на Цивика мобилитас, граѓанските здруженија во РМ кои се активни во областа на културата и уметноста, членови на ЗКУ Таксират, волонтери, поддржувачи, претставници на донатори и соработници, претставници на НВО и бизнис секторот, уметници, активисти, медиуми, студенти.

Наслов

Плоштарт и НВО саем на Д Фестивал

За што е потребна акцијата

Самата акција е инспирирана од генералните проблеми на недоволна развиеност на културниот и уметнички ангажман и активизам кај младите во Македонија и недостатокот на свесност кај младата популација за препознавање на вистинските културни и уметнички вредности, како и нагласената потебата за повеќе можности младите директно да учествуваат во културните настани и граѓанските иницијативи со свои ангажмани и инволвираност во креативниот процес. Нивното директно зближување со вредностите кои се во полето на уметностите и креативните индустрии би делувало како взаемно поддржување и реализирање на културно-уметнички проекти и уметници од една страна, но и како медијатор во взаемниот развој, соработка и искрен дијалог помеѓу младината, граѓанските здруженија, младите уметници и активисти, јавната администрација и невладиниот сектор на полето на културата и уметноста.

Цели и резултати

Цел

Развој и промоција на културниот и младинскиот активизам, креативните индустрии и креирањето на стабилна културна сцена, преку вмрежување и директен ангажман на граѓанскиот сектор.

Резултати

  • Подобрен дијалог помеѓу граѓанскиот сектор и младината;
  • Зголемен број на учество на младите во граѓанските иницијативи;
  • Развиена плтаформа за соработка меѓу граѓанските здруженија која ќе продолжи со функционирање и по завршувањето на проектот;
  • Користење на вмрежувањето како начин да сe создадат нови работни партнерства, и можност за соработка и размена на искуства во рамки на нашата земја, но и со соседните земји;
  • Активно вклучување на граѓаните во развојот на културата и општествената заедница;
  • Поголемо запознавање на јавноста со успесите и работата на граѓанскиот сектор;
  • Зголемена медиумска покриеност на граѓанските иницијативи и културниот активизам (снимање на панел дискусиите и промоција преку социјални медиуми);
  • Воспоставување на стабилна и квалитетна заедница која ќе биде активен фактор во развојот и имплементацијата на граѓанските иницијативи.

Активности

  1. Формирање на координативно тело и детектирање фокус-теми.
  2. Контактирање и информирање на што поголем број граѓански здруженија од РМ кои работат на младински и граѓански иницијативи
  3. Спроведување на почетна средба на која здруженијата ќе имаат можност да се запознаат со следните фази на активности од овој проект и воедно ќе имаат прилика да се запознаат меѓусебно
  4. Организирање на НВО саем во рамки на Д Фестивал во Дојран – единствениот open-air музички фестивал во Македонија во вистинското значење на зборот, со тридневна програма, фестивалски камп (во чии рамки ќе се организирал НВО саемот), исклучително богата дополнителн програма која вклучува културен активизам, промоција на позитивните вредности, залагање за слобода, рамноправност, мир и така натаму.
  5. Креирање и реализација на фестивалски весник за НВО саемот со млад новинарски тим ангажиран во соработка со учесниците на саемот
  6. Организирање на т.н. „НВО караван“, односно организиран автобуски превоз за посетителите на настанот од местата во кои дејствуваат граѓанските здруженија кои ќе бидат вклучени како учесници на НВО саемот
  7. Организирање на волонтерски тим кој ќе биде вклучен во реализацијата на активностите од акцијата и директно ангажиран во промоција на волонтерството, со цел да се стави посебен акцент на важноста и значењето на волонтерството како граѓански ангажман, чувство за општествена одговорност, солидарност, припадност
  8. Ангажирање на млади уметници, дизајнери, музичари во активностите предвидени во ПлоштАРТ зоната и НВО саемот – како учесници во дебати, панели, изложби, работилници, изработка на дела за декорирање и уредување на простор.
  9. Организирање на најмалку 1 музички концерт кој ќе се одржи во рамки на музичката програма на фестивалот
  10. Воспоставување на контакти со експерти на одредени теми, на кои ќе се одржуваат панел-дискусиите и дебатите во НВО саемот.
  11. Организирање на најмалку шест панел-дискусии во Дојран за времетраење на Д Фестивал и НВО саемот (по две сесии дневно)
  12. Спроведување на завршна средба со учесниците во НВО саемот и воспоставување на план за НВО соработка во активностите во иднина
  13. Презентација на резултатите од одржувањето на НВО саемот во рамки на друг културно-уметнички настан или посебно организиран настан за таа цел и развој на стратегија за понатамошен ангажман и одржливост.

Временска рамка: 1.4.2017 – 30.11.2017

Буџет: 400.000 МКД

Веб страница