Здружение за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.760.640
Времетраење: 01.8.2015 – 31.10.2016
Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен е регистрирано во јануари 2014 г.
Главни области на делување се:
- Развој на културните политики на локално и национално ниво;
- Афирмирање на независна културна сцена и алтернативни практики во културата;
- Промовирање и негување на традиционалните културни вредности;
- Развој на креативни индустрии;
- Анимација на младите и маргинализираните групи и нивно вклучување преку културата и уметноста;
- Развивање на културата и уметноста;
- Поттикнување на истражувачката дејност од областа на етнологијата, етнографијата и културните политики во земјата и регионот.
Конституенти
Млади талентирани луѓе кои пројавуваат интерес за уметност и култура, вработени во локална администрација во сектор култура, вработени во културни установи и галерии, креативни работници, уметници, културни менаџери, маргинализирани групи, вработени во секторот креативни индустрии (дизајнери, архитекти,уметници, претприемачи, фотографи, филмска дејност, издавачка дејност), поширока публика која ужива во естетска вредност на уметноста и почитувачи на културата во целина.
Претходно искуство
- Возобновување на старата ликовна дисциплина Илуминација (Министерство за Култура на РМ)
- Рудници на културата (Фондација Култура Нова – Хрватска)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Развивање и ревитализација на руралните заедници преку уметност и култура“
За што е потребна акцијата
Овој проект придонесува за систематско и стратешко планирање на културните политики на локално ниво и со тоа придонесува до директна децентрализација на носење одлуки од областа на културата.
Цели и резултати
Општа цел – Да се даде активен придонес во социо – економскиот развој на руралните општини Василево, Босилово и Ново Село преку развивање на културата и уметноста.
Специфична цел – Да се изградат капацитетите на администрацијата во овие три рурални општини за заедничко планирање и имплементација на иновативни заеднички културни иницијативи; Да се креираат три стратегии со акциски план за развој на културата на општините Василево, Босилово и Ново Село; Да се задоволат културните потреби на жителите кои живеат во руралните населени места преку концептот на децентрализација и демократизација на културата
Резултати
- Извршено мапирање на постоечки капацитети, атракции, луѓе кои се занимаваат со уметност и занаетчиство;
- Креирани три стратегии за развој на културата на општините Василево, Босилово и Ново Село;
- Подигнати капацитети кај најмалку 100 жители во трите рурални општини преку креирање на заеднички програми за развој на културата, обуки за културен менаџмент и проектен менаџмент и спроведување на заеднички иницијативи од областа на културата и уметноста;
- Реализирани социо-културни активности (изложби, театарски претстави и поетски читања).
Активности
- Mапирање на постоечки културни капацитети, атракции, луѓе кои се занимаваат со уметност и занаетчиство во општините Босилово, Ново Село и Василево за да се утврдат потенцијалите за развој на културата во овие средини;
- Креирање на три стратегии за развој на културата во трите општини преку партиципативно учество на најмалку 100 жители на 5 последователни обуки;
- Имплементирање по три обуки по културен менаџмент во трите општини;
- Реализирање на социо-културни активности.