Невладината организација Здружение за истражување и развој на општеството ФОРУМ ПЛУС Скопје е формирана на почеток на оваа година со цел да ги продолжи на традициите  и целите на проектот Младински филмски форум кој беше организиран во периодот од 1986 год. до 1993 год.

Проектот Младински филмски форум, заедно со Млад борец, беше еден од главните предвесници и гласноговорници за демократските процеси кои настанаа во Република Македонија во деведесеттите години од минатиот век. Во програмата на тој проект зедоа учество голем број еминентни  интелектуалци, политичари, експерти и други јавни личности од поранешната држава СФРЈ.

Оваа НВО, помеѓу останатите, ја формираат дел од организаторите на Младинскиот филмски форум од 1986 год. Главна цел на организацијата ќе биде да се истражат соодветни феномени од развојот на Република Македонија  во сите области од општеството и да се дадат некои насоки за понатамошниот развој.

Организацијата има цел да истражува одредени состојби во нашето општество за кои има контрадикторни мислења и ставови во јавноста. Целта е да се слушнат различни мислења од експерти и граѓаните, без да се фаворизира  одреден став и мислење. И покрај тоа што за одредени теми кои сме ги утврдиле, ангажираме експерти да направат истражување, тоа е само основа на која треба да се развие дијалог помеѓу експертите и граѓаните.

Методите на работа се воглавно: истражувања на теми утврдени однапред од специјална комисија, дијалог на социјалните мрежи за дадената тема, дискусија за филмови кои на некој начин се поврзани со темата на истражувањата. За истражувањата кои се предходно постирани на нашата ВЕБ страна, Фејсбук и Линкедин профили се организираат отворени трибини, се издаваат книги од сите истражувања во тековната година, се снимаат  и емитуваат трибините на ТВ и др.

Главен сектор на делување е добро владеење, но во работата на проектите обработуваме теми од сите општествени области.

Конституенти

Граѓани, граѓански организации, научната јавност и државните органи

Наслов

НЕКОИ ДИЛЕМИ И СОСТОЈБИ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО

За што е потребна акцијата

Дали во Република Македонија постои нагорен тренд на евроскептицизмот, историските и сегашните сознанија за геостратешката положба на Р. Македонија и нејзината стратешка перспектива, стравот од глобализацијата како нов светски феномен. Го поставуваме и прашањето за улогата на религијата во современите општества, дали сме ние хендикепирано општество во кое не партиципирааат сите граѓани особено хендикепираните луѓе, ЛГБТИ заедницата и слични, и дали тие се дел од факторите кои не дезориентираат во нашите клучни определби за профилирање на нашето општество како демократско и воведување на достигнатите стандарди на европската цивилизација.  Одговор на овие клучни прашања и тековните проблеми ќе се обидеме да дадеме преку истражување и јавно презентирање на следните теми и дилеми:

  1. Исток не отпиша- запад не не запишува
  2. Европска Унија – потреба или нужност
  3. Глобализмот наспроти национализмот
  4. Религија- идеологија-политика
  5. Лица со хендикеп или хендикепирано општество

Цели и резултати

Цел

Преку истражување, јавна презентација на трибини и медиумска презентација (ТВ, социјални мрежи и сл.) да се проговори за одредени состојби за кои има контрадикторни ставови во јавноста. Целта е да се слушнат различните мислења и аргументи на експерти, јавни личности, обични граѓани и државата за нашата стратешка определба кон евроатлантска интеграција, примената на европските стандарди во организација на нашата држава, човековите права и др. Сите овие активнсоти треба да придонесат и со предлози за подобар развој на општеството односно решавање на некои проблеми во него.

Резултати

Греѓанските организации мора да имаат една од клучните улоги во општествената промена во нашето општество. Со менувањето на општествените стандарди мора да се тежнее кон формирање критична маса на граѓански организации кои во соработка со државните органи ќе придонесат за менување на свеста и потребата од промени во нашето општество како на локално така и на национално ниво.

Промената на свеста и одредување на нашите стратешки приоритети треба да резултираат со промени во практиките на доброто владеење, унапредувањето на демократијата, човековите права  и други позитивни општествени промени

Активности

  1. Одредување на теми
  2. Одредување на еминантни истражувачи кои ќе извршат научно истражување на дадените теми
  3. А. Постирање на истражувањата на веб страна и фејсбук заради јавна расправа и разни мислења за истражувањето и предложените мерки
    Б. Филм (игран или документарен) кој има допирни точки со темата на истражувањето
  4. Печатење на книга со сите извршени научни истражувања
  5. Организирање 5 јавни трибини за секоја тема одделно и снимање на истите
  6. Спроведување јавна анкета преку социјалните мрежи за ефектот од проектот.

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.8.2016 – 31.3.2017

Веб страница