ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И МЕЃУЕТНИЧКА СОРАБОТКА АЛ-МА
Објавено: 04/10/2017
Главна мотивација за основање на здружението е да им помогнат на сите граѓани да си ги остварат своите права и да се унапреди меѓуетничката соработка и комуникација во Република Македонија. Визијата на Ал-ма е сите граѓани во Р.М. да имаат еднакви права и можности. Нејзината мисија е едукација на граѓаните за остварување на овие права и можности без разлика на националната припадност.
Конституенти
Жители на општините Гази Баба и Сарај кои се социјално загрозени но имаат право на социјална помош, нега од трето лице, надоместок за намалена мобилност, надоместок за трето дете итн.
Наслов
ИМАМЕ ПРАВО ДА БИДЕМЕ ИНФОРМИРАНИ
За што е потребна акцијата
Врз основа на нивното истражување, дошле до заклучок дека постојат многу граѓани кои се во категоријата социјално загрозени лица, но имаат право да добијат паричен надоместок од државата по разни основи. Овие граѓани најчесто немаат информација како да го остварат ова право и принудени се да дадат мито на лица кои ја злоупотребуваат нивната неинформираност.
Цели и резултати
Цел
Целта е овие граѓани да се едуцираат како самостојно да го остварат своето право за надоместок од државата и со тоа да се подобри нивната економска состојба и да не бидат злоупотребени од трети лица.
Резултати
Голем број од граѓаните ќе го остварат своето право за паричен надоместок, нема да бидат изложени на дополнителни трошоци во форма на мито и овие граѓани ќе можат во иднина да им помагаат на своите блиски како и тие да го остварат своето право. Резултатот ќе биде долгорочен бидејќи законот наложува обновување на овие документи (барања) на период од една година.
Активности
- Одржување дебати на кои ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат овие граѓани
- Печатење и делење на флаери на кои точно ќе биде наведена постапката за остварување на правото за паричен надоместок
- Директна помош во пополнување на обрасците
Буџет: 324.000 МКД
Времетраење: 15.6.2017 – 14.12.2017