Здружение за еднакви можности „Еднаков пристап“
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.796.281
Времетраење: 01.8.2015 – 31.10.2016
Здружението за еднакви можности„Еднаков пристап“ е непрофитна организација основана во 2007 година со основна цел овозможување на еднакви можности за сите без оглед на полот, етничката припадност, сексуалната ориенатација, возраст, двојна дискриминација вклучувајки ги и лицата со посебни потреби. Во здружението има 15 активни членови со различни професионални определби и повеќегодишно работно искуство во различни области т.е социјални работници, адвокати, социолози, педагози, психолози, лица кои имаат теоретско и практично искуство со жртви на насилство.
Конституенти
Ранливи категории граѓани, држани институции, граѓански организации
Претходно искуство
- Обезбедување на поддршка и услуги на жртви на трговија со луѓе на ранливи групи на локално ниво (КБФ и ГИЗ)
- Проценка на политиките/програмите и буџетите од родовата перспектива и застапување (Kанцеларијата на ОН Жени во Македонија)
- Родова анализа на примената на законот за бесплатна правна помош вклучително и анализа (cost benefit analysis) на трошоците за негово спроведување (Институтот за европска политика (ЕПИ)– Скопје во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени.)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Пристап на жените до правда“
За што е потребна акцијата
Aкцијата e во корелација со неопходноста да се препознае растечкото насилство спрема жената вклучително и домашното насилство во Република Македонија во политиките и делувањето на национален план. Постојат законски решенија кои треба да се унапредат, и да се има посериозен став кон нивната имплементација. Родово базираното насилство не е адресирано во законската регулатива и тоа отвара можност за вулнерабилност на жената.
Цели и резултати
Општа цел – Подобрување на пристапот до правда за жените во Република Македонија во насока на остварување на меѓународните стандарди за постигнување на фактичка родова еднаквост. Спроведувањето на акцијата претставува борба против социо-економски и културни бариери за овозможување на еднаков пристап до правда за жените и надминување на родовите стереотипи и сексизмот
Специфична цел – Детектирање на бариерите кои го попречуваат пристапот на жените до правдата и поттикнување на родова интеграција во сите политики и мерки.
Резултати
- Идентификување на потребите од промени во законската регулатива и процедурите кои ќе овозможат поголема достапност до правда на жените жртви на родово базирано насилство и соодветна помош и поддршка согласно со нивните потреби засновани на еднаков пристап и еднакви можности;
- Иницијативи за измена и дополнување на Законот за спречување и заштита од семејно насилство во насока на дефинирање на родово базираното насилство, усогласување на дефиницијата за силување согласно меѓународните стандарди и соодветна правна заштита на сите жртви;
- 80 обучени стручни лица, судии, јавни обвинители, претставници на народен правобранител, полиција и центри за социјална работа за постапување со жени жртви на родово базирано насилство;
- Поголема свест и разбирање за овозможување на еднаков пристап до правда за жените од стана на надлежните институции;
- Иницијатива за донесување на Закон за ратификација на Конвенцијата на Совет на Европа (Истанбулска конвенција)
Активности
- Анализа на состојбата со пристапот до правда за жените со посебен фокус на жените жртви на родово базирано насилство
- Работилница за валидизација на анализата
- Печатење и дистрибуција на анализата
- Обука
- Јавна дебата
- Лобирање
- Подготовка и доставување на извештај