Здружение Центар за развој на медиумите на зедниците МЕДИУМ Гостивар
Објавено: 22/06/2017
Вкупен буџет: 1.998.602 МКД
Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018
Медиум –Гостивар работи на полето на развојот на професионалните вештини на новинарите, го поддржува зајакнувањето на образованието за новинари, како и соработката меѓу новинарите од Македонија. Исто така, обезбедува професионални образовни програми во областа на новинарството, истражување, следење и анализа, а воедно спроведува и специјализирани обуки за односи со јавноста за претставници на граѓанското општество, организации, за единиците на секторот на локалната самоуправа и бизнисот. Составот на организацијата и нејзиното членство е етнички мешан.
Конституенти
Онлајн медиуми, веб портали, новинари, уредници, граѓански активисти.
Претходно искуство
- Достоинство за гласот на жените!
- Медиумите во борбата против корупцијата на локално ниво
- Кој род е Охридскиот рамковен договор?!
- Скопје во очите на своите неслушнати граѓани
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
НОВИ МЕДИУМИ ЗА СТАРИ ПРЕДИЗВИЦИ
За што е потребна акцијата
Во време на сè поинтензивното зафаќање на медиумскиот простор од страна на новите интернет медиуми, потребата за саморегулација, мониторинг и професионализација се наметнува како еден од значајните услови за зачувување на демократските вредности. Говорот на омраза, лажните вести и фантомските нови медиуми често предизвикуваат поделби во општеството, од кои се претпоставува дека придобивки имаат политичките центри на моќ.
Реализацијата на акцијата ќе придонесе кон подобрена соработка помеѓу граѓанските организации, а ќе ги одрази и очекувањата, проблемите и приоритетите на граѓаните за навремена точна, непристрасна информациија.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел– Унапредување на положбата на онлајн медиуми во Република Македонија
Специфична цел– Зголемена професионалност на онлајн медиумите при пласирање на информации и стории од меѓуетнички карактер во мултиетнички средини
Резултати
- Проценка на капацитетите на онлајн медиумите од проектните региони и на соработката со граѓанскиот сектор.
- Зајакнати капацитети на онлајн медиумите и подобрување на професионализмот кај истите.
- Подобрена соработка помеѓу онлајн медиумите и граѓанските организации.
Активности
- Проценка на состојбата и положбата на онлајн медиумите во Македонија
- Обука за организациско јакнење на веб порталите
- Тркалезна маса на тема „Како подобро да се искористат капацитетите од соработката помеѓу онлајн медиумите и граѓанските организации во обработката на теми од интерес на граѓаните“.
- Подготовка на прирачник за онлајн новинарството, за предизвиците и начините за подобрување на состојбите со веб порталите
- Истражувачувачки стории за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат он лајн порталите
- Завршна национална конференција „Онлајн медиумите и слободата на говор во македонското општество“