ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА МЕДИУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ МЕДИУМ ГОСТИВАР
Објавено: 23/11/2017
Здружението Центар за развој на Медиумите на Заедниците (МЕДИУМ) е основано од група на новинари, граѓански и младински активисти во Гостивар. Здружението официјално е регистрирано во 2007 година. МЕДИУМ обезбедува професионални едукативни програми во областа на новинарството, истражувањето, мониторингот и анализата; спроведува посебни обуки за односи со јавност за претставниците на граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа и бизнис секторот.
МЕДИУМ настојува да ги унапреди работата и комуникациските стратегии на малцинските и локалните медиуми кон заедниците со кои што комуницираат, со цел поголема заинтересираност и информираност на граѓаните за настаните и случувањата во нивните заедници.
Конституенти
Пошироката јавност, граѓански активисти, новинари, креатори на јавно мислење.
Наслов
СКОПЈЕ ВО ОЧИТЕ НА СВОИТЕ НЕСЛУШНАТИ ГРАЃАНИ
За што е потребна акцијата
Проектот Скопје 2014 низ медиумската, академската и граѓанската призма главно беше анализиран и прикажан низ финансиските, архитектонско- естетските импликации врз главниот град и државата. Имајќи го предвид мултиетничкиот и мултикултурниот состав на населението на државата, но и на главниот град, отсуствуваше анализа на ефектите на овој проект врз меѓуетничките односи кои сѐ уште се високо на евроатланската агенда.
Понатаму, меѓу политичарите и кај дел од експертската јавност отсуствува став за тоа дали Скопје 2014 го одразува мултикултурниот карактер на земјата. Реакциите на граѓаните за самиот проект се најчесто поделени, а и градската историја од почетокот на изградбата на проектот Скопје 2014 бележи неколку реакции на проектот, граѓански иницијативи, но при нивниот приказ отсуствува етничката компонента, односно во јавноста недостасува анализа на мислењата на другите помали етнички заедници за самиот проект.
Цели и резултати
Цел
Главна цел на овој проект е:
- Да се истражат перцепцииите и ставовите на граѓаните, посебно припадниците на помалите етнички заедници за проектот „Скопје 2014“;
- Да се подобрат капацитетите на новинарите за истражувачко новинарство;
- Да се истражат импликациите на проектот „Скопје 2014“ врз меѓуетничките односи;
- Да се придонесе кон подобро разбирање за важноста од граѓанскиот ангажман во општеството.
Резултати
- Подобрени капацитетите на најмалку 10 новинари, соработници и волонтери за истражувачко новинарство и етички, балансиран пристап на чувствителни теми;
- Подготвени 10 истражувачки стории објавени во дневниот весник Лајм кои главно ќе го анализираат/прикажат проекот „Скопје2014“ и неговиот ефект врз меѓуетничките односи;
- Системски пристап во подготовка на истражувачки стории: комбиниран приод кој ќе опфати теренски анкети со граѓани, консултирање релевантна литература како и балансиран приказ на мислења од експерти, професори и граѓански активисти;
- Подготвена анализа за влијанието на проектот „Скопје 2014“ врз меѓуетничките односи;
- Организирана научна трибина со најмалку 30 учесници за развојот на граѓански ориентирано општество и функционалните меѓуетнички односи во контекст на Проектот Скопје 2014;
- Дисеминација на научната трибина преку печатени и електронски медиуми.
Активности
- Подготвка и спроведување на обука за новинарите, соработниците и волонтерите на весникот Лајм за балансирано истражувачко новинарство;
- Подготвени 10 истражувачки стории за дилемите и отворените прашања поврзани со Скопје 2014, ставот на граѓаните и граѓанските организации. При подготовка на истражувачките стории ќе се спроведе анкета со граѓани и интервјуа со експерти од различни области (политиколози, социолози, антрополози и др.). Ваквите стории ќе бидат објавени во весникот Лајм;
- Подготвена анализа за влијанието на Проектот Скопје 2014 врз меѓуетничките односи. Притоа ќе бидат елаборирани прашањата за тоа дали Проектот го отсликува мултикултурниот и мултиетничкиот карактер на нашето општество, дали соодветно се застапени културно-историските дејци на етничките заедници, дали при неговото планирање е консултирана поширокота јавност, реакциите на политичките партии од земјата за самиот проект и сл;
- Организирана научна трибина на која што ќе се презентираат наодите од истражувачките стории објавени во Лајм, истовремено ќе се отвори дискусија за граѓанскиот активизам, проблемите и предизвиците на граѓанското учество. Се очекуваат бројни препораки да произлезат од трибината поврзани со граѓанскиот ангажман и граѓанското учество во носењето на одлуки;
- Научната трибина ќе се снима и ќе биде понудена за емитување на заинтересирани телевизиски станици. Истовремено клучните наоди од трибината ќе бидат дистрибуирани и до други медиумски ќуќи и интернет портали.
Буџет: 400.000 МКД
Времетраење: 1.8.2016 – 31.1.2017