ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА
Објавено: 24/01/2017
Вкупен буџет: 2.957.750
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) е ГО која делува во Р. Македонија веќе полни 19 години. Она што не прави препознатливи се трите приоритети кои ЦГИ ги има од самите почетоци: Демократија и човекови права, Јакнење на јавната администрација и Јакнење на други ГО.
Граѓаните не препознават како организација која ги штити нивните права во случај на загрозеност, додека институциите не препознаваат како организација која е длабоко навлезена во процесите на децентрализацијата.
Нашето делување е нашиот идентитет – граѓанинот како единка пред која мора да стои достоинство, почит, еднаквост но и свесност за одговорност, вклученост во процесите на носење на одлуки и иницијативност за околината која го опкружува.
ЦГИ врз овие принципи го гради својот идентитет и ги превзема потребните иницијативи.
Конституенти
ЦГИ работи интензивно со Министерство за правда – Управата за извршување на санкции, Министерство за образование – Бирото за развој на образованието со што добива нови профили на конституенти, со кои и ден денес соработува.
Претходно искуство/проекти
Влијанието на ЦГИ се изразува преку проеките во кои активно учествувал. Дел од нив се:
- „Социјална кохезија во средни училишта“ – создавање и пробна употреба на различни алатки и постапки кои ќе се применуваат за градење на доверба и помирување, справување со предизвиците и разбирање на различностите во 12 средни училишта во Македонија.
- Проектот „Општински стратегии за климатски промени“ е реализиран на територијата на општина Прилeп а во соработка со ЕЛС – Прилеп.
- „Иселувањето на младите од Прилеп, Долнени и Крушево“ – подигање на свесност кај младата популација за критичко разбирање и делување во областа на демократизацијата на Р. Македонија – Дали иселувањето е предност или линија на помал отпор?