Здружението Спектрум плус од Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за унапредување на образованието, културата, меѓуетничките односи, животната еко средина и економкси развој во на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот.

Конституенти

Чинителите кои ги опфаќа акцијата се ученици од 5-то до 9-то одделение од различни заедници: Македонска, Албанска, Турска и Ромска.

Наслов

СИТЕ СЕ СМЕЕМЕ СО ИСТА НАСМЕВКА

За што е потребна акцијата

Акцијата за соработка ќе одговори на проблематиката за меѓуетничка интеграција, разбирање и прифаќање на различностите кај различните етникуми кои егзистираат на територијата на Република Македонија.

Цели и резултати

Цел

Целта на акцијата е да се научат учениците уште од најмали нозе да се интегрираат, соработуваат, разбираат и прифаќаат со врсници од различни етникуми, кои потекнуваат од различни средини, култури и традиции.

Резултати

  • Учениците преку посети на различните заедници и заедничка изработка на постери, видеа, композиции од различен вид ќе се запознаат со заедниците кои егзистираат на територијата на РМ
  • Ќе се научат да ги прифаќаат и почитуваат различностите и различните од нив.
  • Ќе создадат долготрајни и блиски релации со врсници од други култури, заедници и етникуми кои во секојдневното функционирање не би можеле да ги сретнат, запознаат ниту да имаат поблиска интеракција.
  • Споделување на искуствата преку видеа и пишан материјал во форма на јавен материјал кој ќе се дистрибуира во повеќе училишта и ќе се пушти на повеќе државни и регионални телевизии.

Активности

  1. Координативна средба и планирање на активностите од раководните лица, менторите и организаторите на проектот
  2. Дво-дневна посета на по 8 ученици од ООУ „Кемал Ататур“ – Гостивар и ООУ „Башкими – Единство“ – Гостивар во Општина Штип со ученици од ООУ „Славејко Арсов“ – Штип и ООУ „Гоце Делчев“ – Штип во Општина Гостивар
  3. Дво-дневна посета на по 8 ученици од ООУ „Кемал Ататурк“ – Гостивар и ООУ „Башкими – Единство“ – Гостивар во Општина Штип со ученици од ООУ „Славејко Арсов“ – Штип и ООУ „Гоце Делчев“ – Штип во Општина Штип.
  4. Еднодневен завршен настан на кој ќе учествуваат сите ученици од сите училишта во Општина Берово на која ќе се претстават сите резултати, ќе се изложат сите постери, панели со трудовите, излезениот печатен материјал, ЦДа и краток документарен филм.
  5. Гостување и презентација на проектот на повеќе телевизии, дистрибуирање на материјали до училишта, општини, телевизии и тн.
  6. Редовна посета на патронатите на училиштата, посета со презентација на други училишта во околината и одржливост и долготрајност на проектот преку постојан мониторинг, и заедничка посета и гостувања со што ќе се прикажуваат резултатите, како и дружењето и створените пријателства.

 

Буџет: 399.716 МКД

Времетраење: 1.9.2017 – 31.12.2017