Вкупен буџет: 1.900.251 денари

Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018

Рурална Коалиција – Куманово како влијателна организација во Североисточниот регион активно учествува во процесите на застапување, лобирање и креирање на јавни политики преку делување на национално, регионално и локално ниво и придонесува кон постигнување на достоен социо-економски статус на руралното население во Македонија.

Мисијата на организацијата е да ги обедини земјоделците и руралното население на Република Македонија, во силна и препознатлива организација, која ќе ги штити нивните економски, социјални и културни интереси, ќе се залага за унапредување на можностите за развој на агро-бизнисот и рамномерен регионален развој на руралните подрачја во Република Македонија, и ќе влијае на политиките и стратегиите во државата, за да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните што ги застапува.

Конституенти

Носителите на семејните земјоделски стопанства во руралните средини, факултетите за земјоделски науки, земјоделските институции и општините.

Претходно искуство

  • Пазарна економија и институционални капацитети
  • Законите ги има, примената ја нема!
  • Мисли на пазар – не само на субвенции

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ПАРТИЦИПАТИВНО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЈАВНИ ДОКУМЕНТИ И ПОЛИТИКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

За што е потребна акцијата

Постојаното и брзо менување на законските и подзаконските акти, програмското планирање, заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ, недоволната комуникација со институциите, непознавањето и неискористувањето на мерките наменети за јакнење на земјоделците како поединци и на земјоделските здруженија, преголемата оддалеченост често пати од градските институции поради несоодветната инфраструктура само го отежнува функционирањето како на здружението, така и на граѓаните како поединци.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Создавање на цврсто и влијателно граѓанското општество преку примена на партиципативна демократија при креирање на јавни политики и одлуки во секторот земјоделство и рурален развој.

Специфична цел– Да го зголеми знаењето, учеството и вклученоста на претставниците на граѓанскиот сектор  во изготвувањето на годишни програми и јавни документи на институциите за унапредување на состојбите во земјоделството и руралниот развој.

Резултати

  • Поттикнат и зголемен граѓански активизам преку јакнење на човечките и организациски капацитети во секторот земјоделство и рурален развој
  • Зголемено практично знаење на земјоделците за унапредување на процесот на изготвување на програми како јавни документи на институциите
  • Регионално вмрежување помеѓу здруженија од различни плански региони и зајакната свест кај земјоделските претставници за потребата од заедничко делување

Активности

  1. Истражување и анализа на програмите за рурален развој
  2. Анализа на степенот на познавања на земјоделците и претставниците на здруженијата за програмата.
  3. Формирање на фокус групи и одржување на работна средба со секоја од групите
  4. Изготвување на пишани процедури и формулари за користење на средства од програмата за рурален развој
  5. Изработка на прирачник кој ќе има двојна намена
  6. Организирање и спроведување на осум обуки за лобирање и застапување
  7. Доработка и финализирање на граѓанска иницијатива
  8. Отворање на форум на веб страна
  9. Организирање на осум тркалезни маси со фокус групите и институциите
  10. Промотивна кампања
  11. Доставување на иницијатива до институции

Веб страница