Здружението Обучувачи на јавна администрација (ПАТ) Скопје е здружение, формирано со слободно здружување на граѓани заради остварување на заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за подобрување (унапредување) на работата на јавната администрација кај централната власт и локалната самоуправа. Здружението делува од 2008 во насока на промовирање на демократските вредности и унапредување на владеењето на правото во Р. Македонија. Активностите на ПАТ Скопје се со цел промоција на принципите на добро владеење и развој на локалната самоуправа, а со тоа и обезбедување на поддршка на имплементацијата на процесот на децентрализација во земјата и градење на капацитетите на јавната администрација.

Со цел промовирање на интегритетот на локалните власти, ПАТ Скопје се залага и за поактивно вклучување на граѓаните преку различни облици на активности кои ќе овозможат размислување и дејствување во согласност со современите научни, културни и демократски достигнувања.

Конституенти

Претставници на општинска администрација, вклучени во комуникација со граѓаните и односи со јавност од 40 општини и претставници на граѓански организации кои делуваат во целните општините.

Наслов

ПРЕКУ ПОГОЛЕМА ОТВОРЕНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА ОПШТИНИТЕ – КОН ПРОАКТИВНО ГРАЃАНСТВО

За што е потребна акцијата

Отвореноста на општините, достапноста на информациите за нивното работење, како и отчетноста за донесените и спроведените одлуки се меѓу клучните мобилизирачки фактори за учество на граѓаните во процесите на подготвување, донесување и спроведување на одлуките. Концизноста и јасноста на информациите, нивната јавност и лесен пристап и константното ажурирање на податоците придонесуваат кон подобро информирање на граѓаните. Активното учество на граѓанството во овие процеси бара двонасочна комуникација, која нема да се базира (само) на информирање (тековно или повремено) од страна на општините, туку ќе подразбира и проактивен однос на граѓанскиот сектор, консултирање на јавноста и нејзино континуирано вклучување во носењето и имплементирањето на одлуките.

Цели и резултати

Цел

Цел 1: Да се идентификуваат состојбите и степенот на отвореност и отчетност на општините, како и вклученоста на граѓаните во донесувањето и спроведувањето на одлуките во општините.

Цел 2: Да се изработат анализи и препораки кои ќе придонесат за јакнење на свеста за потребата од транспарентност и отчетност на општините и проактивно граѓанско учество на локално ниво, во насока на јакнење на заложбите за промовирање на доброто владеење и поддршка на процесите на децентрализација.

Резултати

  • Скрининг на состојбите во 40 општини
  • Изработка на анализа со препораки

Активности

  1. Изработка на анкетен прашалник за општините
  2. Подготовка на прашања за анетирање на претставници од граѓанските организации
  3. Идентификување на 40 целни општини
  4. Идентификување на граѓански организации од општините
  5. Спроведување на истражувањето со анкетниот прашалник во општините (општински претставници, одговорни за комуникација со граѓаните и односи со јавност)
  6. Анкетирање на претставници од граѓанските организации
  7. Проверка на веб-страниците на општините
  8. Анализа на податоците и состојбите
  9. Изработка на заклучоци и препораки и дисеминација на резултатите.

 

Буџет: 373.700 МКД

Времетраење: 1.7.2017 – 31.12.2017

Веб страница