Здружение НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР Куманово
Објавено: 22/06/2017
Вкупен буџет: 1.804.300 МКД
Времетраење: 01.05.2017 – 30.04.2018
Од своето основање во 2005, Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово се развива како застапник и поддржувач на ромската популација во Македонија, како и на сите групи во заедницата кои живеат во социјален ризик.
НРЦ работи со сите возрасни категории. Здружението работи на национално ниво (најмногу во Куманово, Штип, Кочани, Скопје, Прилеп, Битола, Велес, Крива Паланка, Тетово, Кавадарци и Берово) и на регионално ниво (Западен Балкан). НРЦ го промовира пристапот на луѓето до фундаментални права и еднаквост пред законот кога легитимните права се засегнати. Од своето основање, фокусот на организацијата беше насочен кон пристап до образование и лични документи, принципот на недискриминација, полови и здравствени прашања. Денес, НРЦ дејствува и во сферите домување, здравство и пристап до правда (преку бесплатна правна помош).
Конституенти: граѓаните од ромска етничка припадност, ромските заедници во Македонија, ГО кои работат на прашања кои ги засегаат Ромите и институциите кои работат во областа на човекови и малцински права, недискриминација, и социјална инклузија.
Претходно искуство
- Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво
- Легализација на ромското домување – Македонија
- Регистрација на Роми без документи
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Унапредување на социјалното вклучување на ромската заедница во 6 општини во Република Македонија
За што е потребна акцијата
Ромската заедница претставува една од најмаргинализираните групи во Република Македонија. Дискриминацијата, немањето лични документи, непознавањето на сопствените права и недостатокот од ресурси за користење на механизмите за остварување на правата претставуваат фактори кои ја влошуваат веќе неповолната општествена положба на Ромите во македонското општество. Општествената исклученост, која за Ромите започнува во детството (сегрегација и дискриминација во образованието, недостаток од поддршка во процесот на образование), резултира со неможност овие лица да учествуваат како полноправни граѓани во општеството. Обезбедувањето на бесплатна правна помош за овие лица, евидентирањето на нивната состојба во citizen report cards, како и создавањето на широка мрежа на ромски НВО кои ќе соработуваат со регионалните центри на НРЦ и локалните власти треба да придонесе кон унапредување на заштитата и остварувањето на нивните права.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел– Да се зајакне социјалното вклучување на граѓаните Роми, со посебен фокус на децата Роми, во 6 општини во РМ.
Специфична цел– Да се обезбеди редовна испорака на услуги на правна помош на граѓани Роми, со посебен фокус на децата Роми, јакнење на капацитетот на локални ромски НВО и нивна поефективна комуникација со локалните власти, од страна на шестте регионални центри на НРЦ.
Резултати
- Ромските заедници (граѓаните Роми, и особено децета) во шестте општини снабдени со редовна правна помош во области поврзани со административни работи (лични документи), социјална заштита, домување (легализација), образование и здравство, и остварување на граѓански и детски права (дискриминација, итн.).
- Локалните Ромски НВО зајакнати преку испорака на обука, техничка поддршка и вклучување во работата на регионалните НРЦ центри.
- Комуникацијата на граѓаните Роми и локалните Ромски НВО со општините е зајакната преку акутелизација на т.н. citizen report cards (онлајн систем за комуникација на граѓаните со властите).
Активности
- Редовна испорака на услуги на правна помош во врска со лични документи и други административни работи; остварувањена права од социјална заштита; легализација на домови; образование и здравство и остварување на општи граѓански и детски права, со посебен фокус на превенција на дискриминација
- Организирање на најмалку четири обуки за локални Ромски НВО и активисти, за граѓански активизам, НВО менаџмент, застапување, менаџирање на проекти, мобилизирање на ресурси, итн.
- Испорака на најмалку 200 часа техничка поддршка за локалните ромски НВО, неформални групи, и активисти.
- Вклучување на локалните ромски НВО, неформални групи, и активисти, во редовната работа на регионалните центри на НРЦ.
- Серија (најмалку 12) презентации на онлајн платформата citizen report card.
- Обезбедување на техничка помош на граѓани кои сакаат да ја користат платформатаод страна на регионалните центри на НРЦ