Главни оперативни цели за дејствување и работа на здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица (според статутот на здружението) се:

-Подобрување на социо-економскиот живот на населението во општина Македонска Каменица, како и пошироко во Р. Македонија,

-Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на граѓаните од руралните средини во општина Македонска Каменица како и како и пошироко во Р. Македонија,

-Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на општествено ранливи категории на граѓани  во општина Македонска Каменица како и како и пошироко во Р. Македонија,

-Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на младите  во општина Македонска Каменица како и како и пошироко во Р. Македонија.

Конституенти

Иселеници од Македонска Каменица, Делчево и Пехчево.

Наслов

ЈАС САКАМ ДА СЕ ВРАТАМ

За што е потребна акцијата

Истражување на можностите за изнаоѓање на потребни мерки и активности  кои треба да се преземат од страна на општините со цел привлекување на иселениците да се вратат во родниот крај.

Цели и резултати

Цел

Изработка на научно истражување со цел добивање на релевантни податоци за мерките кои треба да ги преземат општините од нивниот делокруг на работа со цел овозможување на услови за повраток на иселениците.

Резултати

  • Соодветна медиумска промоција на проектот.
  • Истражување за можностите за враќање на иселениците преку нивно инвестирање во отворање на мали и средни претпријатија во општините.
  • Истражување на можностите за вработување на иселениците во индустриските претпријатијата во општините.
  • Истражување на можностите за инвестиции на иселениците во земјоделството , како причина за враќање на иселениците
  • Објавување на резултатот од истражувањето

Активности

  1. Прес конференции за старт на проектот и за презентација на резултатите од истражувањето;
  2. Спроведување на структурирано интервју со официјални лица од ЕЛС и останати државни институции (АВРМ) поврзано со можностите на општините кои што ги нудат и овозможуваат на иселениците со цел нивно инвестирање во отворање на мали и средни претпријатија и инвестирање во земјоделството;
  3. Спроведување на структурирана анкета со иселениците;
  4. Спроведување на структурирано интервју со официјални лица од претпријатија од општините поврзано со можностите на претпријатијата, кои што истите ги нудат и овозможуваат на иселениците, со цел нивно вработување;
  5. Организирање на работилница со фокус група на граѓани кои што се иселеници и повратници од иселеници;
  6. Изработка и публикување на публикација поврзана со резултатите од истражувањето.

Буџет: 353.900 МКД

Времетраење: 01.8.2017  – 30.11.2017