Здружение на земјоделски производители „Агропродукт“ – Штип
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.387.753
Времетраење: 01.8.2015 – 31.10.2016
Здружението на земјоделски производители Агропродукт-Штип, е формирано во 1996 г., а пререгистрирано е во 2000 и 2012 година.
Агропродукт е здружение на земјоделци, кое нуди им услуги на членовите во вид на информации, меѓусебно помагање, застапување, организирање и заедничко решавање на проблемите. Здружението ги покрива земјоделските производители што живеат на териториите на општините Штип и Карбинци и кои главно се занимаваат со сточарството, поледелството и лозаро-овоштарството, а во поново време и со некои нови земјоделски култури.
Конституенти
Граѓаните воопшто, особено ранливите категории лица.
Претходно искуство
- Маргинализирана група Јуруци – како понатаму (USAID)
- Производите на номадите, неискористена можност за органско производство (USAID)
- Имплементација на стандарди за квалитет на производ (SNV)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Стоп за миграцијата на земјоделците од ридско планинските подрачја“
За што е потребна акцијата
Со активностите ќе се придонесе кон превенирање на мигрирањето на земјоделците; ќе бидат предочени можностите на регионот за економско јакнење на земјоделските стопанстава, ќе се направат заеднички напори на институциите за подобрување на квалитетот на живот на земјоделците од сите аспекти (образование, квалификација, работа и професионално оспособување, семејство и деца, домашни услови за живот, личен развој, учество во граѓанското општество и др.)
Цели и резултати
Општа цел – Зголемен мотив кај земјоделците за егзистирање од земјоделство и за останување во родните огништа, кој ќе води до намалена миграција на земјоделците од ридско планинските подрачја.
Специфична цел – Економско зајакнување на земјоделците од ридско планинските подрачја преку: Искористување на средства од европските фондови; Искористување на дополнителните можностите на регионот; Воведување на органско производство итн.
Резултати
- Економски зајакнати земјоделци
- Реализирани состаноци и дебата со претставници на институции
- Промовиран интегративен пристап и родова еднаквост, со вклучени жени во процесот
- Подобрена информираност на целната група
- Стекната доверба и споделеност на информациите при решавање на проблеми
- Поттикнат граѓански активизам, здружување и вмрежување
- Намалена миграција на релација ридскопланински подрачја-низински подрачја, или приградски населби за 3-5 %
- Создадени услови за подобар статус и квалитет на живот на земјоделското население
- Иницирање на состаноци и дебата со дел од чинителите поврзани со проблемот миграција
- Промовирање на интегративен пристап и родова еднаквост, преку учество на жените во процесот
- Подобрена информираност, стекната доверба и споделеност на информациите при решавање на заеднички прашања
- Поттикнување на граѓанска активност, здружување и вмрежување
Активности
- Дијагностичко истражување на терен, дефинирање на целната група
- Активности за економско зајакнување на земјоделските стопанства (Информации за можностите на регионот за зголемен приход од земјоделско производство; Едукативни средби од значење за земјоделското производство со показно опитен карактер; Работилници за значењето и примената на нови земјоделски технологиите; Опити; Изготвување на стручен пишуван материјал, брошури, прирачници, памфлети).
- Активности за реализација на состаноци и дебата
- Вклучување на жените во процесот
- Подобрена информираност на целната група
- Воспоставување на партнерски односи и вмрежувања
- Медиумско претставување на проектните активности