Имајќи го предвид фактот дека професионалните преведувачи Албанци во Република Македонија не беа организирани, ние група преведувачи покренавме иницијатива за основање на здружение на преведувачи, каде главна цел ни беше промовирање на професијата преведувач, промовирање на комуникацијата од јазичен аспект, поддржување на образованието на преведувачите на албански јазик, да бидеме медиум за соработка со други актери од сродните и поврзаните професии.

Конституенти

Толкувачи, преведувачи, наставници, професори.

Наслов

Без паника. Тоа е само средство за комуникација

За што е потребна акцијата

Итноста за ова прашање произлегува од фактот што во последно време токму јазикот претставува централно прашање околу кое се засилува етничката нетрпеливост меѓу заедниците. Навремена акција за ширење на дебатата надвор од политичкото и зајакнување на свеста кај граѓаните за аспектите на меѓуетничкиот соживот и познавањето на Другиот е неопходна во период на засилена политичка реторика која контрапродуктивно се одразува на градењето на меѓуетничко разбирање и соживот меѓу припадниците на различни етнички заедници.

Цели и резултати

Цел

Целта на проектот е да се промовира дебата и  толеранција околу прашањето за употребата на албанскиот јазик во Македонија и со тоа да се  подигне јавната свест и толеранција по прашањето на употребата на албанскиот јазик во Македонија.

Резултати

  • Најмалку 20-30 преведувачи и толкувачи вклучени во директна и онлајн кампања во промовирање на јазикот како средство за комуникација;
  • Организирани 3 дебати со релевантни чинители на тема јазикот како техничко – комуникациско наспроти политичко-симболичко средство;
  • Организирана 1 обука за преведувачи толкувачи на тема: градење на толеранција преку употреба и промовирање на јазиците.

Активности

  1. Комуникација со релевантни чинители (преведувачи и толкувачи);
  2. Организација на директна комуникациска и онлајн кампања;
  3. Промоција на јавни дебати;
  4. Организирање на дебати;
  5. Медиумска промоција и вклучување;
  6. Промоција и организација на обука.

 

Буџет: 390.000 МКД

Времетраење: 10.11.2017 – 09.5.2018