Вкупен буџет: 5.000.024
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) е основано во 1946 година. Здружението е независна, самостојна, невладина и непартиска организација, чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди и на слободата на изразување. ЗНМ е член е на Меѓународната федерација на новинарите.

Визија – Враќање на довербата на членството во Здружението како вистински претставник и заштитник на нивните професионални интереси. Пред се целта на ЗНМ е обединување на сите новинари без оглед на нивните ставови мислења, надминување на поделба која постои меѓу новинарите во Македонија.

Мисија – заштита на информирањето и слободата на новинарската професија. Силата на ЗНМ е во неговото членство, во неговата солидарност и енергија вложени во борбата за заштита на слободата и достоинството на професијата.  Со тоа ЗНМ ги штити највисоките вредности во општеството: правото и слободата на изразувањето.

Општата цел и задача на Здружението на новинарите на Македонија е дејствување низ сите допуштени облици во насока на унапредување на опшествениот и правниот амбиент за развој и постоење на новинарството и новинарската професија.

Конституенти

Примарни конституенти се новинарите во Република Македонија но исто така и медиумски работници, државни и владини институции, сопственици на медиуми, судови, локални и меѓународни граѓански организации и институции, политички партии и фондации, билатерални и мултилатереални институции, компании и граѓани.

Претходно искуство/проекти

ЗНМ континуирано работи на:

  1. Заштита на новинарите од злоупотреба од сопствениците на медиумите.
  2. Заштита на угледот и достоинството на новинарите и новинарската професија.
  3. Заштита и поттикнување на слободата на критичкиот и креативниот дух.
  4. Унаппредување на професионалните и етичките стандарди
  5. Унапредување на социјалниот и материјалниот статус на новинарите
  6. Застапување на членовите и нивно представување пред опшествената заедница
  7. Давање правна помош на своите членови
  8. Преземање формални и фактички дејства пред јавноста и пред се позитивното право овластените институции и социјалните партнери во насока на иницирање и реализација на подготвување и потпишување општ колективен договор кој се однесува на новинарската професија.

Веб страница