Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед Тетово
Објавено: 02/03/2016
„ЛГБТ Јунајтед“ Тетово е невладина, непрофитабилна и мултиетничка организација, која вклучува членови од различни етнички групи и религии.
Целта на ЛГБТ Јунајтед Тетово е заштита, промоција и почитување на човековите права, првенствено на ЛГБТ лицата, обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита и обезбедување на други витални социјални и правни услуги, со што се гарантира рамноправност и вклучување на ЛГБТ лицата во сите сфери на животот преку создавање на поддржувачка и толерантна атмосфера која вклучува разновидност и слобода.
Во тој контекст, целите на ЛГБТ Јунајтед Тетово се: зајакнување на ЛГБТ заедницата; имплементацијата и потполното уживање на правата на ЛГБТ лицата и борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет; подигнување на свеста за правата на ЛГБТ лицата како човекови права; застапување и лобирање за ЛГБТ лицата; подобрување на сексуалното здравје преку превентива од ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести помеѓу ЛГБТ популацијата. ЛГБТ Јунајтед Тетово, преку своите активности придонесува за зајакнување на ЛГБТИ заедницата во Тетово, Гостивар, Струга и Куманово преку разни настани од затворен (само за ЛГБТИ заедницата и поддржувачите ) и отворени наменети за генералната популација. ЛГБТ Јунајтед Тетово активно работи на промоција на правата на жените, Ромите и блиску соработува на локално и национално ниво со организации кои работат на полето човекови права.
Конституенти
Припадниците на ЛГБТИ заедницата (дел од кои се и членови и волонтери во ЛГБТ Јунајтед Тетово), генералната популација, нашите соработници, институции, медиуми.
Наслов
Вклучувањето на ЛГБТИ прашањата во програмите на политичките партии
За што е потребна акцијата
Не вклучување на ЛГБТИ прашањата во програмите на албанските политички партии; ширењето на хомофобија, бифобија и трансфобија за време на предизборните кампањи; недостиг на информации кај ЛГБТИ припадниците од албанската заедница за важноста на вклучувањето на ЛГБТИ прашањата во програмите на албанските политички партии во Македонија; неинформираност на албанската ЛГБТИ заедница за битноста на гласот на ЛГБТИ заедницата. Со оглед на моменталната наклонетост на голем дел од светот кон одобрување на се поголеми права на ЛГБТИ заедниците, од огромна важност е пред изборите во 2016 да се одржи оваа акција. Во моментов тие ги спремаат нивните политички програми и за нас е од огромна итност да се дознае дали тие се запознаени со ЛГБТИ прашањата, проблемите, и дополнително, дали се спремни да го вметнат ЛГБТИ прашањето во нивните политички агенди.
Цели и резултати
Цел
Да се превеземе првиот чекор кон зближување на ЛГБТИ прашањата кон албанските политички партии во Македонија. Освен тоа ќе отвориме јавна дебата на темиве во клучен момент кога албанската ЛГБТИ заедница ќе треба да одлучува за својот глас.
Резултати
- Јасна слика и одговори од албанските политички парти за нивното мислење поврзано со ЛГБТИ прашањата и вклучувањето на истите во нивните изборни програми;
- Подигање на свеста кај албанските политички парти за важноста на вклучувањето на ЛГБТИ прашањето и проблематика во нивните програми;
- Јасна слика за присуството на хомофобијата, бифобијата и трансфобијата во време на избори;
- Видливост на ЛГБТИ прашањето во време на предизборна кампања;
- Пораст на свесноста кај албанската ЛГБТИ заедница за битноста на нивните гласови како ЛГБТИ лица.
Активности
- Подготовка и дисеминација на прашалници за албанските политички партии со прашања поврзани со вклучувањето на ЛГБТИ прашањето во нивните изборни програми;
- Набљудување на предизборниот процес (митинзите) телевизиските дебати, изјавите на кандидатите за пратеници и политичките партии поврзани со ширење на хомофобија, бифобија и трансфобија и говор на омраза кон ЛГБТИ заедницата;
- Една телевизиска и една радио дебата со кандидати за пратеници од албанските политички парти од 6 -тата изборна единица;
- Кампања за важноста на гласот на ЛГБТИ заедницата (наменета за ЛГБТИ заедницата);
- Подготовка на брошура на албански јазик на која ќе ги содржи резултатите од одговорите на прашалниците и набљудувањето изборниот процес.
Буџет
210,290 МКД