Здружението на Историчари Албанци во Македонија (ЗИАМ)  има спроведено многубројни проекти кои вклучувале различни активности како: помош при составување на националната програма по предметот Историја за сите основни и средни училиштата, организирање на научни симпозиуми, семинари, издавање на научно списание „Историски истражувања“ итн.  Исто така во 2011 година има спроведено два проекти и тоа: „Охридскиот договор како референтна точка за заедничка иднина“ и „По патот на Охридскиот рамковен договор“. Исто така во 2011 година го има реализирано краткиот документарен филм: „Визуелизација на Исламските културни споменици во Скопје“. Здружението на историчари Албанци во Македонија (ЗИАМ) има реализирано низа публикации кои се однесуваат на промовирање на културните вредности на Албанците во Македонија, како што е издавање на публикација – брошура за Мајка Тереза, во соработка со Македонски Пошти има издадено неколку поштенски марки за значајни личности и настани кои ја збогатиле филателијата. Со оглед на отежнатите услови во кои се одвиваат културните настани, Здружението на историчари Албанци во Македонија (ЗИАМ) се обидува да придонесе со својата активност во збогатување на културниот живот во Република Македонија.

Конституенти

Граѓаните на Скопје од различни возрасти.

Наслов

СВЕТИЦАТА ОД СКОПЈЕ- КОРЕСПОДЕНЦИИ

За што е потребна акцијата

По повод најавеното прогласување на Мајка Тереза за светица, ќе се организира активност на 26 август 2016 за нејзиниот роденден.

Цели и резултати

Цел

Подигнување на јавната свест во врска со прогласувањето на Мајка Тереза за Светица, преку нејзината кореспонденција.

Резултати

И покрај тоа што има многу информации за Мајка Тереза, сепак многу малку се знае за нејзините писма, односно нејзината коресподенција. За прв пат јавноста ќе се запознае со одбрани писма испратени од неа до различни лица и институции. Како резултат на тоа ќе се открие нејзината човечка димензија и активностите кои се занимавала.

  • Изложбата ќе има и фотографии и различни документи за нејзиниот живот и активност
  • Писмата кои ќе се објават во изложбата ќе понудат нов агол од животот на Мајка Тереза
  • Преку изложбата ќе се истакне важноста за прогласување на Мајка Тереза за светица.

Активности

  1. Истражување на документи во Архивот на Лозана, Швајцарија
  2. Истражување на документи во Архивот на Македонија
  3. Обликување и изработка на панели
  4. Издавање на каталог
  5. Промоција преку јавните гласила
  6. Одржување на изложба

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.8.2016 – 30.9.2016