Младите можат е невладина, непрофитна и независна граѓанска организација чија визија е младите да се активни, независни и решителни граѓани. Целта на организацијата е да им овозможи на младите луѓе да земат активно учество во развојот на демократското општество преку активно граѓанство и социјален активизам. Организацијата е основана во 2009 и денес брои над 530 члена од различни етнички и социјални заедници кои доаѓаат од цела Македонија, покажувајќи преку секојдневните напори и активности дека МЛАДИТЕ МОЖАТ!

Конституенти

Mладите луѓе кои живеат во Македонија и се на возраст од 15-29 години: луѓето во раководните структури, членовите на „Младите можат“, волонтерите, основачите и поранешните членови на раководните структури, како и сите учесници на нашите активности.

Наслов

Младински лидерски иницијативи 2

За што е потребна акцијата

Потребата за спроведување на овој проект е поттикната од недостатокот на граѓански ангажман и чувство на лидерство меѓу младите луѓе, за да преземаат активности за подобрување на своите заедници. Од една страна, младите луѓе немаат можности да ги практикуваат своите лидерски способности за време на процесот на едукација, додека пак од друга страна постои недостаток на квалитетни програми за развој на лидерските потенцијал кај младите кои се нудат од страна на граѓанските организации.

Активното граѓанство подразбира соодветно граѓанско образование како и развиено демократско граѓанско општество, кое ќе го цени учеството на младите во сите тековни процеси на една земја. Последните истражувања во Македонија, спроведени помеѓу младите, го покажуваат дека има недостаток на инцијативност и активна младина. Па така, 62,8% од младите кои се во основно училиште никогаш не работеле во група/тим со цел да решат проблем во општината во која живеат. Она што е уште позастрашувачки е дека 81,3% мислат дека не можат да сторат ништо во врска со ова или дека можат да делуваат со тоа што би оствариле незначајна промена. Голем процент од младината (72,2%) веруваат дека тие не можат да придонесат во работата на надлежните, а дури 54% од нив веруваат дека тие немаат лична одговорност да дејствуваат за општественото добро и дека не е нивна работа да го сторат тоа. Иако 52% од младите во Македонија не се запознаени со младинскиот активизам, позитивно е тоа што сметаат дека имаат потреба да стекнат повеќе знаење на темата.

Цели и резултати

Генерална цел: Да ги инспирира младите луѓе од Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал и да бидат активни чинители во демократското општество.

Специфична цел 1: Да поттикне 20 млади луѓе и да им понуди лидерски вештини преку организација на лидерски камп.

Специфична цел 2: Да ги мотивира учесниците да идентификуваат проблеми во заедницата, да планираат и имплементираат иницијативи насочена кон надминување на детектираните проблеми.

Специфична цел 3: Да поттикне и промовира младинска соработка и меѓусебно разбирање преку инволвирање на млади од различни етнички групи.

Резултати

  1. 20 млади луѓе, вклучени во проектот, преку седумдневен лидерски камп, свесни за лидерскиот потенцијал кој го поседуваат, истиот ќе го надоградат и ќе го применат при спроведување на иницијативите.
  2. 20 млади луѓе стекнати со познавања за младински активизам и младинско учество, како и со вештини за комуникација, презентација, детектирање на проблеми, проектен менаџмент, тимска работа и лидерство.
  3. Спроведени три иницијативи, иницирани од учесниците, насочени директно кон решавање на општествени проблеми детектирани на лидерскиот камп од страна на учесниците.
  4. 400 млади индиректно опфатени преку иницијативите, поттикнати и мотивирани да работат на себе и да го развијат својот лидерски потенција.

Активности

  1. СЕДУМДНЕВЕН ЛИДЕРСКИ КАМП – со 20 учесника, одбрани преку отворен повик за млади на возраст од 17-22 од цела Македонија и спроведено интервју со апликантите, користејќи наменски креирана програма за потребите на младите.
  2. КРЕИРАЊЕ НА ПРОМОЦИСКО ВИДЕО. За време на целиот камп, ќе се задолжи едно лице да ги снима и фотографира сите фази и моменти од тренингот. На крајот од кампот, собраниот материјал ќе биде претворен во видео запис кој ќе биде објавен на веб страната на Младите можат, како и на социјалните мрежи. Видео записот ќе содржи клучни моменти од кампот, како и кратки интервјуа со учесниците, тренерите и организаторите.
  3. ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ТРИ ИНИЦИЈАТИВИ – насочени кон решавање на општествени проблеми. За време на кампот, учесниците ќе имаат за задача да детектираат општествени проблеми кои тие сметаат дека се приоритетни за решавање и поделени во три тима да изработат план за нивно надминување. По завршувањето на кампот, трите тима, во период од три месеци ќе спроведат иницијатива насочена кон надминување на детектираните проблеми.
  4. ПРОМОЦИЈА НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ. По завршувањето на процесот на имплементирање на иницијативите, истите ќе бидат промовирани преку пишани и видео записи, објавени на веб страницата на Младите можат и на социјалните медиуми. Преку овие записи,учесниците ќе го споделат своето искуство со останатите

Буџет

352.760,00МК