Вкупен буџет: 1.794.650
Времетраење: 01.8.2015 – 31.7.2016

Медиа Плус е основана на 2006 г. Мисија на организацијата е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествената одговорност на чинителите во извршната, судската и парламентарната власт.

Конституенти

Граѓани, новинари, дописници на радио и веб портали, локална администрација

Претходно искуство

  • Моја општина (Цивика мобилитас)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„За поттикнување на граѓаните активно да се залагаат за демократските реформи. Граѓаните ќе се информираат дека институциите постојат за нив.“

За што е потребна акцијата

Трговијата со луѓе е претставува повреда на достоинството и основните слободи на човекот, а со тоа и сериозна повреда на човековите права. Пристапот заснован на човековите права во борбата против ТЛ вклучува транспарентност и одговорност кај државата во смисла на усвојување на национална политика и акциски планови за борба против трговијата со луѓе, координирање на напорите на сите релевантни актери, вклучувајќи го и невладиниот сектор,  редовна обука на релевантни професионалци, истражување и собирање податоци, како и обезбедување соодветни средства за спроведување на сите овие мерки.

Цели и резултати

Општа цел – Поттикнување на граѓанското општество за активно залагање за демократски реформи кои ќе создадат институции во функција на граѓаните.

Специфична цел – Да се охрабрат граѓаните, за јавно изнесување на проблемите. Да се воспостави подобра релација институции-медиуми-граѓанство во решавање на граѓанските проблеми и потреби. Да се зголеми транспарентноста, одговорноста и отчетноста на надлежните институции  за граѓанските потреби со што ќе се осигура владеење на правото.

Резултати

  • Охрабрени граѓани свесни дека заради нив постојат институциите и општините.
  • Воспоставена подобра релација институции-медиуми-граѓани. Зголемена информираност. Зголемена свест кај  јавната администрација и кај органите на локалната власт.
  • Подобрени услуги,  детектирани и набележани проблеми.

Активности

  1. Подготовка на анкетни прашалници и поставување банер;
  2. Анализа на анкетни прашалници;
  3. Подготовка на аудио материјал и снимање на терен;
  4. Подготовка, продукција, монтажа и емитување на аудио материјал на национална радио станица;
  5. Промоција на активностите со продукција и емитување на промотивни спотови;
  6. Емитување на радио емисии;
  7. Подготовка на содржини-аудио емисии на веб;
  8. Поставување на сектор за веб форуми и коментари;
  9. Архивирање на веб материјалите, коментари и форуми;
  10. Емисија со времетраење од 120 мин. во „prime time“ на радио.

Веб страница