ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ПОМОШ НА БЕЗДОМНИЦИ И СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА И ПОЕДИНЦИ ЉУБЕЗНОСТ
Објавено: 02/01/2018
Во јануари 2015 година е основано здружението под името „Љубезност“, кое претходно функционираше како неформална група. Тое е посветено на помошта на луѓето од ранливите социјални категории. До сега се посетени и делени се донации на семејства во Скопје и во останатите градови во Македонија. Здружението работи исклучиво на волонтерска основа. До сега се реализирани следниве активности: Топол оброк за бездомниците – еднаш седмично, во изминативе четири години континуирано; Подршка и помош на самохрани родители; Волонтери и донации –ангажирање на волонтери, кои ги собираат донациите, дадени од членови, граѓани и компании и нивно дистрибуирањето во домовите на социјално загрозените семејства; Поплава Скопје, август 2016 год. – акции на подршка – организирање на Собирен пункт на донации со 50 волонтери, организирање на транспорт и дистрибуција до поплавениот регион, 230 волонтери преку пунктот помогнаа во расчистување на домовите на семејствата во поплавениот регион.
Визија: Да бидат најактивни чинители во процесот на ресоцијализација и реинтеграција на социјално загрозените лица во земјата. Мисија: Континуирана едукација, помош и поддршка на социјално загрозените лица во нивниот процес на реинтеграција. Последнава година работат на вмрежување со здруженија, институции и компании.
Конституенти
Акцијата се однесува за бездомниците и најгорливи случаи на социјално загрозените семејства и поединци.
Од друга страна во акцијата ќе бидат вклучени граѓаните, големите маркети, компании и медиумите, а дирекно ќе учествуваат студенти, извидници, волонтери и други здруженија.
Наслов
Мобилизација на граѓанството и локалните заедници за подршка и помош на бездомниците и социјално загрозените во зимскиот период 2017/2018
За што е потребна акцијата
Во Македонија, не постои воспоставен систем на коинтинуирано обезбедување на помош и поддршка од граѓаните (во храна, облека, обувки, постелнина, подобрување на услови на живот, и др.) за бездомниците и социјално загрозените лица, посебно во претстојниот студен зимски период.
Цели и резултати
Цел
Вклучување на граѓаните во обезбедувањето помош и подршка на бездомниците и социјално загрозените во зимскиот период.
Резултати
- Воспоставени 4 пунктови за собирање храна, средства за хигиена, топла облека, обувки, постелнина, душеци, јоргани и ќебиња од локалната заедница;
- Обезбедена поддршка во храна и добра за бездомниците и социјално загрозените семејства и поединци во Скопје;
- Подобрена соработка со прифатните центри во згрижувањете на бездомници.
Активности
- Информативна кампања (врата до врата) за собирање донации од граѓаните на Скопје;
- Организирање на собирни пунктови на четири локации во Скопје;
- Складирање, класифицирање и транспорт на донациите;
- Организирано делење храна -групно (неделно) и по домови (дневно);
- Дневни посети на засолништа и домови за носење помош;
- Патролни обиколки преку ноќта за згрижување на бездомници и носење помош.
Буџет: 391.050 МКД
Времетраење: 10.11.2017 – 09.4.2018