Асоцијација Мисла од Скопје е здружение кое се занимава со застапување на лица со ментални болести и социјално претприемништво. Визијата на здружението е да оствариме самоодржливост и да имаме значаен социјален импакт врз општеството во Македонија и регионот. Мисијата на здружението е социјална инклузија на маргинализирани групи во општеството преку активности на социјално претприемништво. Главни цели на Асоцијација Мисла се: отстранување на предрасудите на општеството кон лицата со ментални болести; добро владеење, партиципација и политики за прашањата на ментални болести; подигање на свесноста за менталните болести и другите маргинализирани групи; работно ангажирање на лица со ментални болести и останати маргинализирани групи и слично.

Асоцијација Мисла започна како иницијатива за заедничко дејствување на тројца студенти од Економскиот факултет во Скопје која подоцна прерасна во неформална група за конечно да се формализира како здружение на граѓани за поддршка на лица со ментални болести на почетокот на 2017 година. Главна мотивација за ваквото дејствување беа недостатокот од активно здружение од ваков тип и личните искуства на основачите.

Конституенти

Примарна целна група на кампањата се лицата со ментални болести и нивните семејства. Од друга страна кампањата ќе биде насочена кон чинителите како органи на централна и локална власт, медиуми, генерална јавност и граѓански организации.

Наслов

Кампања за информирање на јавноста и поддршка на лицата со ментални болести по повод 10 oктомври – Светски ден на ментално здравје

За што е потребна акцијата

Лицата со ментални болести често се дискриминирани на пазарот на труд и имаат мала или никаква шанса за вработување и добивање достоинствена работа. Клучната причина за ваквата ситуација лежи во постоечката стигма во општеството кон припадниците на оваа група на граѓани, сметајќи дека тие вредат помалку од другите и се помалку работоспособни.

Законот за ментално здравје во Р.Македонија, донесен во 2006 година, меѓу другото ја регулира и компонентата на заштита на човековите права на лицата со ментални болести со која лицата со ментална болест имаат право на заштита од каков било облик на малтретирање, понижување и злоставување и не смеат да бидат дискриминирани поради состојбата со нивното ментално здравје.

Цели и резултати

Цел

Запознавање на пошироката јавност со стигмата со која се соочуваат лицата со ментални болести и превземање општествена акција за нејзино намалување.

Резултати

  • Информирана поширока јавност за проблемите на лицата со ментални болести;
  • Воспоставени механизми за поддршка на лицата кои имаат ментални проблеми.

Активности

  1. Продукција на видео спот и негова дистрибуција;
  2. Правење на кампања на социјални медиуми и гостување на ТВ емисии;
  3. Надворешно рекламирање со делење летоци спроведувано од нашето здружение по повод 10 октомври;
  4. Организирње на јавна трибина;
  5. Организирање на група за самопомош и одржување на состаноци водени од модератор еднаш неделно;
  6. Обезбедување на информации од страна на здружението за пренасочување на корисниците за добивање на професионална поддршка;
  7. Воспоставување на контакти и потпишување на меморандуми за соработка со клучни институции, организации, релеватни професионалци и поединци.

 

Буџет: 326.000 МКД

Времетраење: 01.12.2017 – 31.03.2018