Здружение на граѓани за образование и култура „Унитети прогресив“ Скопје
Објавено: 26/01/2017
Унитети прогресив од Скопје е граѓанска организација посветена на континуираното унапредување на образовната и културната сфера во македонското општество. Основните цели и задачи на Здружението се:
- Иницирање и промовирање на квалитетот на образовниот живот, пред се во основните и средните училишта, како и високото образование;
- Стимулирање на талентираните ученици и студенти кај различните донатори, со донирање на стипендии;
- Обезбедување на квалитетни програми за образование кои ќе промовираат еднаков пристап за сите, особено за маргинализираните групи;
- Организирање на семинари, трибини, панели и студентски кампови;
- Издавање на книги од талентираните ученици и студенти;
- Формирање на информативна агенција за студенти;
- Засилување на соработката со останати домашни и странски организации од иста или слична област;
- Превод на дела од странски автори;
- Советување за полуматуранти и матуранти за продолжување на образованието во разни насоки.
КОНСТИТУЕНТИ
Лица и граѓански организации кои се заинтересирани за унапредувањето на образовната сфера во Република Македонија на сите нивоа.
НАСЛОВ
Стоп за несовесната употреба на огнено оружје „Слави со срце не со оружје“
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Проблемот со несовесно користење на оружје при свадбените веселби и други семејни прослави и масовни собирања (крштевки, сунети, свршувачки, митинзи) низ Република Македонија, а особено во руралните средини каде оваа пракса се смета за дел од традицијата, станува сѐ посериозен. Во прилог на ова тврдење се и статистичките податоци според кои, во периодот 2010-2016 година биле регистрирани 11 лица кои се стекнале со повреди како последица на употреба на оружје на свадби и други прослави, додека во 2015 година едно малолетно лице го загуби животот од заскитан куршум од свадба во соседството.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Цел
Развивање на свеста кај граѓаните за последиците од нелегалната и несовесната употреба на огнено оружје при масовни собирања.
Резултати
- Свеста на граѓаните за погубните последици од нелегалната и несовесната употреба на огнено оружје при масовни собирања (свадби, крштевки, сунети, митинзи и сл.) е подигната преку јавна кампања.
- Мрежа на релевантни чинители (ГО, МВР, локални власти, медиуми) формирана и активирана на полето на превенција на употреба на огнено оружје при масовни собирања.
АКТИВНОСТИ
- Организирање на јавна кампања;
- Спроведување на кампања на електронски медиуми (кратки промотивни видеа, социјални мрежи, електронски медиуми, банери);
- Организирање на три јавни дебати за последиците од несовесната употреба на огнено оружје со релевантни актери (ГО, МВР, локални власти медиуми);
- Утврдување на можности за заедничко дејствување и соработка на релевантните актери на полето на превенција на употреба на огнено оружје при масовни собирања.
БУЏЕТ
400.000,00 МКД