Вкупен буџет: 1.980.983 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018

Реактор – истражување во акција е непрофитна, непартиска и независна истражувачка организација (think-thank) која е основана во 2005 година во Скопје, Македонија, посветена на остварување на еднаквост и социјална правда. Организацијата работи на олеснување на процесот на ЕУ интеграција на земјата преку обезбедување на истражувања, експертски анализи и креирање опции за политики засновани на докази кои ги одразуваат потребите и приоритетите на граѓаните. Главни области на делување на Реактор се: родова еднаквост, социјална правда, човекови права, млади и урбан развој, ЕУ интеграција и граѓанско учество и партиципативно носење на одлуки. Имајќи го предвид недостатокот на расположливи податоци во процесите на креирање на политики на национално ниво, една од главните стратешки цели на Реактор е обезбедување на релевантни, навремени и темелно истражени податоци со цел информирање на политичкиот процес во целните области. Организацијата силно се придржува до принципите на солидарност и партнерство бидејќи смета дека преку соработката и меѓусебната поддршка единствено може да се остварат потребните системски промени во општеството.

Конституенти

Граѓанските организации и иницијативи кои работат во областите родова еднаквост, млади, граѓанско учество и социјална правда, жените политичарки.

Претходно искуство

  • Совет за родова еднаквост
  • Проект за граѓанско општество
  • Младинска невработеност

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

МЛАДИНСКО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ОДРЖЛИВА ИДНИНА

За што е потребна акцијата

Предложените акции се фокусираат на градењето на капацитетите на младинските организации за активно и квалитетно младинско учество. Притоа ќе се воспостави ресурсна платформа за лесен пристап до податоци, информации, анализи, графички прикази и релевантни документи поврзани со млади. Преку градењето на капацитетите за застапување на младинските граѓански организации ќе се зајакне врската меѓу конституентите на организациите и генерално ќе се промовира заедничката соработка потребна меѓу младинските граѓански организации на национално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Одржливи младински политики на локално ниво и национално ниво, преку политики креирани и базирани на докази и активно учество на младински организации

Специфична цел– Креирање на нови ресурси и податоци за поддршка при застапување пред институциите на младинските организации

Резултати

  • Креиран ресурсен веб сајт со визуелизирани податоци и релевантни јавни документи поврзани со млади
  • Подобрени капацитети за застапување кај младинските граѓански организации на локално ниво и зголемена свесност за значењето и употребата на застапувањето како алатка во подобрувањето на младинските политики

Активности

  1. Креирање на ресурсен веб сајт со визуелизирани витални статистики за млади, анализи поврзани со млади и релевантни национални документи и легислатива поврзани со младински политики.
  2. Утврдување на моменталната состојба за застапувачките капацитети на младинските организации и креирање на препораки и добри практики.
  3. Четири еднодневни работилници за претставници на младински граѓански организации за градење капацитети на тема застапување на национално и европско ниво.
  4. Креирање на дата база со податоци за работата и составот на локалните младински совети.

Веб страница