Граѓанската асоцијација „Арсена“ како неформаална група на спроведување на граѓански активизам и гласност за проблемите со кои се соочуваат жителите на општина Гевгелија, најпрво со горливиот проблем на присуство на висока концентрација на отровниот елемент арсен во водите од градската водоводна мрежа, како и со административните пречки за артикулирање на своите барања, беше иницијатор за организиран настап пред надлежните инстутуции на локалната и државната власт преку основањето на Здружението на граѓани „Патокази“ со седиште во Гевгелија. Со тоа „Патокази“ стана правниот артикулиран говор на граѓаните со претставниците од локалната власт и надлежните државни институции. Здружението на граѓани „Патокази“ од Гевгелија постои од 26 февруари 2014 година, а како неформална група на граѓани загрижени за здравствената безбедност на квалитетот на водата во Гевгелија- граѓанската иницијатива „Арсена“ беше оформена две години порано.

Конституенти

Граѓаните корисници на вода од градскиот водоводен систем, ЈПКД „Комуналец“ и Советот на општина Гевгелија, Собранието на РМ, Здружение на граѓани „Патокази“ – Гевгелија, Здружение на граѓани „Пирустија“ Богородица“.

Наслов

ГРАЃАНИТЕ И АРСЕНА ЗАЕДНО ДО ЗДРАВА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

За што е потребна акцијата

Водата од градскиот водоводен систем во Гевгелија е небезбедна и отровна и содржи недозволиво висока концентрација на арсен според стандардите на СЗО. Арсенот е тежок метал кој внесен во организмот преку вода не може да се исфрли туку се таложи во човековото тело. Континуирана употреба на таквата вода од најмалку шест месеци може да предизвика низа малформации, кршење на ДНК структурата на клетката, поради што е познат како причинител на повеќе видови канцерогени заболувања.

Преку граѓански иницијативи, информативни прилози, акции, петиции, предлог амандмани граѓаните сакаат да иницираат решение кај надлежните за решавање на проблемот со небезбедната вода со арсен која тече од чешмите во нивните домови и да обезбедат чиста вода за пиење за Гевгелија и корисниците на вода од градскиот водоводен систем.

Цели и резултати

Цел

  • Набавка на деарсенификатор за прочистување на отровниот арсен од водата во бунарите кај Моин со кои се снабдува со вода градот Гевгелија, неселените места Моин, Мрзенци, Богородица, Стојаково, Селемли, Негорски Бањи, Индустриска зона „Блокотехна“, Индустриска зона „Индустриска“ во Гевгелија и Граничниот премин „Богородица“,
  • Запознавање на граѓаните за здравствено небезбедната вода која тече од нивните чешми во домаќинствата,
  • Медиумска гласност за проблемот.

Резултати

Усмерување на локалната власт и централната власт кон решавање на проблемот со загадената вода со арсен во градскиот водовод,:

  • Превземање иницијативи за набавка на деарсенификатор и продолжување на проектот со копањето нови бунари за вода;
  • Превземање мерки за заштита на граѓаните од небезбедната вода за консумација од градскиот водовод;
  • Намалување на цената на водата на ниво на техничка вода;
  • Одржување на јавната свест кај граѓаните дека сè додека арсенот е присутен во градскиот водоводен систем тие се здравствено небезбедни и изложени на ризик по своето здравје.

Активности

  1. Граѓански петиции за намалување на цената на водата на ниво на техничка вода
  2. Претставки до Управен суд за ценовникот на ЈПКД „Комуналец“ кој пресметува и наплаќа чиста вода, а испорачува загадена вода со арсен;
  3. Предлог буџетска ставка до Собранието на РМ за обезбедување буџетски средства за набавка на деарсенификатор за бунарите кај Моин, Гевгелија
  4. Анализа на примероци вода од градскиот водоводен систем во Гевгелија, Моин, Богородица, ГП „Богородица“ заради утврдување на квалитетот на водата и присуството на тешки метали, од кои и отровниот металоид – арсен
  5. Информирање на граѓаните преку флаери, соопштенија, плакати, јавни прес обраќања за наодите од стручните испитувања, штетноста на арсенот
  6. Граѓански акции – донирање здрава вода на социјално загрозените семејства и други ранливи категории граѓани, во детските градинки, училиштата, на необезбедени јавни простори со чиста вода за пиење
  7. Снимање на документарен филм: „Колку лаги не можат да покријат една вистина за арсен во гевгелиската вода“
  8. Снимање на видео пародија за работата на Јавното комунално претпријатие

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.12.2016 – 31.07.2017

Веб страница