ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ НА ТЕКСТИЛНИТЕ И КОЖАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ ТИВКОТО МНОЗИНСТВО – ШТИП
Објавено: 26/01/2017
Визија: Граѓаните да се здружени во здруженија поради остварување на поширок заеднички општествен интерес.
Мисија: Да биде лидер во промовирање и охрабрување на работници од тивко мнозинство да преминат во гласно се со цел надминување на децениските проблеми.
Основни цели и задачи на здружението се:
1. Професионално и транспарентно, а воедно и отчетнио во вршење на своите обврски како здружение спрема сите актери и чинители во општеството
2. Подигнување на свеста меѓу релевантните актери во текстилната и кожарската индустрија
3. Запознавање на работниците од текстилната индустрија со основните принципи на професионалната етика за обезбедување на поквалитетна работна атмосфера и правни совети за сите работници од текстилната и кожарската индустрија во Македонија
4. Воспоставување на систем за интегрирање работниците од текстилната и кожарската индустрија
5. Подобрување на соработката со релевантните институции во областа на унапредувањето на работничките права на социјален економски и општествен план; 6. Подобрена афирмација на работата на организацијата
7. Воспоставување на стандарди за квалитет на помошта и услугите кои ги нудат претставниците и работодавачите и работниците на текстилната и кожарската индустрија во Република Македонија согласно домашните и меѓународните стандарди и стандардите на Европската Унија.
КОНСТИТУЕНТИ
Работниците од текстилната и кожарската индустрија од источниот регион на Македонија во градовите Штип, Свети Николе, Кочани, Пробиштип, Зрновци, Крива Паланка, Делчево и Виница; Министерството за труд и социјала политика; надлежниот инспекторат; општините и работодавците и други групи формални и неформални и фондации.
НАСЛОВ
Мониторинг со едукација и превенција како мерка за унапредување и заштита на правата на текстилните и кожарските работници при имплементација на законот за свиркачи
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Работниците во текстилната и кожарската индустрија во источниот регион го сочинуват мнозинството работници кои се најчесто злоупотребувани и не фер третирани. Потребно е да се направат обиди за почитување на правата кои им следуваат со закон. Имплементирањето на законот за свиркачи или укажувачи во текстилната и кожарската индустрија го отвора прашањето на изборот лицето задолжено за примање пријави од вработените за одредени неправилности во работење. Тоа лице мора да биде со интегритет и да ја ужива довербата од сите вработени така што тие ќе можат да му се доверат и да се отвори постапка согласно новиот закон.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Цел
Текстилните и кожарските работници да ги добијат и уживаат правата кои им следуваат преку подигање на свеста и едукација со спроведување на новиот закон за свиркачи за да можат истите да ги разберат и бараат правата кој им следуваат.
Резултати
- Подигната свест за законот на свиркачи и правата на текстилните и кожарските работници кои произлегуваат од истиот
- Информирана и едуцирана јавност, работодавачи, работници и надлежни институции и видливост на резултатите и бенефитот од спроведениот проект на законот за свиркачи
- Обучен кадар за спроведување на законот и надлежностите кои произлегуваат од истиот
- Поголема продуктивност, професионалност и мотивираност на работното место од страна на текстилните и кожарските работници
- Повеќе права на работникот во пракса кои ги следуваат со дословна имплементација на новиот закон за свиркачи
- Поголема транспарентност и отчетност при имплементацијата на новиот закон
- Ќе се поттикнат работниците и работодавачите на дијалог за подобрување на работната атмосфера и имплементирање на професиналност и стандарди при работа и поголема мотивираност и продуктивност.
АКТИВНОСТИ
- Промоција
- Дизајн, печатење флаери постери за сите настани
- Кратки видеа по социјални мрежи со едукативна содржина
- Дебати на ТВ и радија (закупување на термини и гостување)
- Волонтери
- Акција за мобилизирање граѓани и запознавање со правните механизми кои произлегуваат од законот за свиркачи односно укажувачи.
- Трибини
- Форуми
- Панел
- Семинари за обуки и работи по групи со тренинзи
- Три анкетни прашалници пред, за време и по завршување на проектот
- Изработка на инфо-брошура за целата акција
- Евалуација
БУЏЕТ
400.000,00 МКД