Вкупен буџет: 1.997.100 денари

Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018

Здружението на финансиски работници е невладина, непрофитна, професионална асоцијација. Неговата визија е да биде национална асоцијација за обезбедување на обука, размена на информации, добри практики, знаења, искуства и развој во областа на финансиското управување и контрола (ФУК) и внатрешната ревизија (ВР) во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), буџетите и буџетските корисници, јавните претпријатија (ЈП) и други субјекти од јавниот сектор. Неговата мисија е да:

  • Го зголемува професионализмот на вработените од областа на ФУК и ВР кај ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор.
  • Обезбедува форум за ширење на информации, добри практики, знаење и искуства;
  • Служи како претставник на интересите на ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор во областа на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија
  • Гради широка мрежа на партнери и промовира соработка и добро владеење

Конституенти

Финансиски работници кои доброволно се здружуваат, а чија основна работа се финансиите на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија

Претходно искуство

  • Граѓанските организации во служба на локалната демократија
  • Зајакнување на општинските совети

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ НА ОПШТИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА И ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО НА НИВО НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

За што е потребна акцијата

Покрај постоењето на правната рамка, практикувањето на демократските вредности на централно и на локално ниво, постојат голем број аномалии, нелогичности и ограничувања на граѓанското учество на локално ниво, што остава значаен простор за модифицирање и подобрување. Евидентни се проблеми во информирањето на граѓаните. Има општини со нефункционални веб страни, или информациите се пренесуваат само на еден службен јазик во случај на повеќе јазични општини; дел од информациите кои се однесуваат на локалните политики и финансирањето на општината воопшто не се објавуваат или се објавуваат селектирани и делумни податоци кои се тешко разбирливи за сите граѓани. Дел од општините не презентираат информации како граѓаните можат да ги следат седниците на советот. Неопходни се и промени и подобрување на законската и под-законската регулатива која ќе даде дополнителна основа за останатите активности / акции на граѓанскиот сектор. Планираното истражување ќе претставува основа за детектирање на тесните грла и ограничувачките фактори на локално ниво за владеење на демократските вредности и зголемување на партиципацијата на граѓаните во процесот на донесувањето на одлуките и давање препораки за позитивна општествена промена во Македонија на локално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Иницирање општествена промена на локално ниво во Република Македонија, за доследно поттикнување и практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето и креирањето политики на  локално ниво.

Специфична цел– Утврдување  тесни грла во демократските механизми на локално ниво со цел поттикнување поширока јавна дискусија за зголемување на демократијата и поедноставување на граѓанското учество на локално ниво; развој на адекватни и навремени механизми за  консултирања со граѓаните за важни прашања за локалната заедница; насоки за вистинско практикување на локалната демократија/добро владеење и вклучување на граѓаните во креирање на локалните политики.

Резултати

  • Дефинирана методологија за истражување;
  • Анализа на законската рамка и анализа на актуелната состојба, практикувањето на демократските механизми и вредности на локално ниво и граѓанското учество на локално ниво;
  • Изработени заклучоци и препораки за зголемување на демократските вредности на локално ниво и граѓанското учество

Активности

  1. Усогласување на обемот и улогите на корисниците;
  2. Подготовка на ТОР и избор на експерти;
  3. Вклучување на ГО за спроведување на активностите;
  4. Дефинирање методологија за истражување;
  5. Дефинирање критериуми за избор на општините за анализа;
  6. Воведна работилница за корисниците;
  7. Анализа на достапни информации
  8. Креирање анкетен прашалник
  9. Теренско истражување на избрани општини и анализа на резултатите од теренското истражување;
  10. Изработка на финален извештај и негова достава до сите засегнати страни и објавување на веб страната на ЗФР.

Веб страница